16 Декември, 2025
0.0457

Тимоние за Фактор: Прво обнова на ЕУ, па проширување, никогаш не ви ветивме друго

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2019 13:40

Добивај вести на Viber

Европската перспектива на Западен Балкан за којашто Претседателот на Франција Емануел Макрон зборуваше уште во својот говор на Сорбона во септември 2017 година, не е променета. Насоката е јасна, Унијата треба да биде обновена за да овозможи приклучување на нови членки. Се работи за двојна активност долгорочно гледано, која бара одредено време и напор, изјави за Фактор францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, за ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека земјите од Западен Балкан имаат мала перспектива за брз влез во Европската Унија.

Амбасадорот исто така додава дека,  градењето околности за кредибилно владеење на правото во земјите кандидатки е неопходен предуслов, којшто оди паралелно со напредокот, како на хартија, така и во пракса. Никогаш не беше кажано, ниту ветено нешто друго од наша страна, вели амбасадорот. 


„Европската перспектива на Западен Балкан за којашто Претседателот на Франција Емануел Макрон зборуваше уште во својот говор на Сорбона во септември 2017 година, не е променета. Насоката е јасна, Унијата треба да биде обновена за да овозможи приклучување на нови членки. Се работи за двојна активност долгорочно гледано, која бара одредено време и напор. Градењето околности за кредибилно владеење на правото во земјите кандидатки е неопходен предуслов, којшто оди паралелено со напредокот, како на хартија, така и во пракса. Никогаш не беше кажано, ниту ветено нешто друго од наша страна“, вели Тимоние. 
 
Со оглед на историската тежина, но и од структурален аспект, неопходно е да се поддржат аспирациите на народите во регионот преку соодветна соработка која ќе овозможи подобрувања во областа на администрацијата, правосудството и борбата против криминалот и корупцијата, додава тој. 

„Франција сака преку соодветна стратегија да ги придружува и интензивира постојните активности со зголемени ресурси. Интервенцијата на Француската агенција за развој, меѓу другото, ќе овозможи да се финансира и имплементира оваа стратегија. Регионот се наоѓа на крстопат во својата историја, а Франција сака да обезбеди конкретна поддршка во овој клучен момент за да помогне тој да тргне по вистинскиот пат во реални услови. За Северна Македонија, се надеваме дека примерот што го даде со регионалното помирување, ќе биде проследен со ефективни реформи и сакаме да ѝ ја обезбедиме сета поддршка што земјата ја заслужува“, вели Тимоние. 
 
Што се однесува до изборите, учеството на граѓаните, без оглед на тоа каков ќе биде нивниот избор, за успешни претседателските избори ќе претставува знак дека нивната земја заслужува секаква европска и меѓународна помош за влез во нашата Унија, додава тој. Овој прв чекор е од голема важност и се надеваме дека ќе биде успешен, смета Тимоние. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“