Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2025 20:30
Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план. Тоа го порача вечерва американската амбасадорка во државава Анџела Агелер, зборувајќи за македонските евроинтеграции во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.
Според Агелер, и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ на никаков начин не треба да бидат закочени напорите што се суштински дел од процесот за потребните реформите.
Како САД, рече Агелер, сме многу јасни дека местото на Македонија е во Европа.
„Кога ги гледаме коридорите 8 и 10, националната безбедност на оваа држава и на регионот, тоа е многу важно и за трансатлантската врска. Затоа внимателно го следиме и сме исто така многу јасни. Погледенете, ова е местото каде е, ЕУ е природниот дом на оваа држава. Тоа што знам е дека оваа Влада води разговори, има чести разговори со земји членки, со лидери во Европската унија, Европската комисија и искрено бара начини како да се оди напред. Дали сите би сакале да видиме напредок и повеќе резултати?Мислам дека да. Но исто така мислам дека е важно да се има предвид дека и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ тоа не треба на никаков начин да ги закочи напорите кои се потребни, а кои се суштински дел од процесот во однос на реформите, затоа што реформи се потребни и искрено патот е многу јасен. Значи, без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и мислам дека сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план“, рече Агелер.
Таа дополни дека тоа е многу важно и за гласачите и оти постојано преку своите гласови и пораки кажуваат дека сакаат државата да напредува.
фото Амерканска амбасада во Македонија
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




