16 Мај, 2024
0.0322

ЗГОЛЕМЕНИОТ ПРАГ ЗА ПОВРАТ НА ДДВ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ, ќе се офајдат ли скенирачите на сметки?

Објавено во: Финансии 10 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на прагот за поврат на ДДВ за сите лица кои скенираат фискални сметки зависи од собраниските пратеници. Скенирачите ќе можат да остварат поголем поврат од досегашниот, штом измените на Законот за вражање на дел од данокот на додадена вреднсот на физичките лица го помине собранискиот филтер.

Со измените кои се доставени во Собранието се предвидува сите скенирачи да можат да повратат до 2.100 денари на квартално ниво од данокот кој го платиле за купени производи или платени услуги. Според сегашнтие правила максималниот поврат кои можат да го направат граѓаните е до 1.800 денари, но ова наскоро ќе се промени.

- Правото на враќање на данокот се однесува на данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги, издадени согласно со Законот за регистрирање на готовински плаќања. Враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20 проценти од пресметаниот данок искажан во поединечна фискална сметка. Враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на останати добра и услуги се врши во висина од 10 отсто од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка – се наведува во Законот.

Правото на поврат на данокот се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка. Право на враќање на дел од данокот на додадена вредност имаат физичките лица со навршени 15 години, со валиден документ за идентификација издаден од надлежен орган на Македонија (лична карта или патна исправа), се регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок (ЕППД) на Управата за јавни приходи и поседуваат трансакциска сметка кај носител на платен промет.

- Причина поради која се предлага измена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица е зголемувањето на највискиот дозволен износ кој може да се врати на еднофизичко лица за едно календарско тримесечје, односно се планира највисокиот износ кој може едно лице да го оствари како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно фиизчко лице – се наведува во законот.

Предлагачите на законските измени бараат истите да се донесат по скратена постапка. Законот ќе почне да се применува со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!