16 Декември, 2025
0.0615

100 дена Ципрас, 100 дена треперење!

Објавено во: Балкан 07 Мај, 2015 08:43

Добивај вести на Viber

Ципрас им вети на своите следбеници дека при управувањето на Сириза "финансиските пазари ќе изграат според звуците на нашето свирче". Дали тоа беше ароганција? Или наивност? Веројатно мешавина од двете. Инвеститорите и онака ги избегнуваат грчките државни обврзници. Земјата изгуби пристап до пазарите . Грција е зависна од милоста на доверителите и итните заеми на Европската централна банка. А што е полошо дури и од недостатокот на пари - со серија грешки новата влада ја трои лесно довербата на европските партнери. Ципрас сакаше да се спротивстави во сојуз со јужните држави против Германија. Кога планот пропадна, тој ја обвини Португалија и Шпанија, дека се подготвуваат да го соборат од власт. Сега Ципрас ги постави и САД против себе - со планот за предвремено ослободување од затвор на терорист осуден за убиството на неколку американски дипломати. Надежта за заеми од милијарди од Русија и Кина, исто така не се оствари. Во меѓувреме, грчката економија се враќа кон рецесијата. Во понеделникот истражувачкиот институт IOBE соопшти дека економската клима во април паѓа до 16-месечно дно. "Крајот на стравот" им вети Ципрас на своите сонародници во изборната ноќ. Но сега стравот од национален банкрот и збогувањето со еврото се враќа. Истражувањата покажуваат дека секој втор Грк смета дека земјата е близу до банкрот. Ако во март 45% стравуваат од претстојното заминување од еврозоната, овој удел е веќе 56% во април. Повеќе од седум на секои десет Грци според неодамнешното истражување на јавното мислење сакаат земјата да остане во зоната. Тројца од четворица сакаат брзо договор со доверителите и тоа "по секоја цена", покажува анкетата на телевизиската програма Mega TV од минатата недела. Сеуште Ципрас ги користи слабите однесувања на опозициските партии. Конзервативците пропаѓаат уште поназад во истражувањата на јавното мислење. Но Сириза ја губи поддршката. Оценката за одобрение на владата падна од 72 отсто во февруари до 45% во април. "Јас очекував повеќе од Ципрас", велат поддржувачот на Сириза Харис Политис. Тој остана со впечаток дека владата "е бесцелна". Фактот дека преговорите со меѓународните кредитори се влечат толку долго, Политис не ги смета за добра работа, бидејќи " остана немирот помеѓу луѓето и парализираната економија". Досега управувањето на Ципрас "е ниту повеќе, ниту помалку од едно постојано тресење ", се жали претприемачот. Дури и 100-от ден по почетокот на управувањето на новата влада не носи добри вести. Во Брисел споровите во преговорите со донаторите продолжуваат. Извештај за невработеноста најверојатно ќе биде негативен. Банките зависат силно од итните заеми на ЕЦБ. Ако Драги ставие тапа, грчкиот банкарски систем ќе пропадне за неколку дена, а државата ќе западне во стечај. Освен ако Ципрас не го сврти воланот и не го смени курсот од конфронтација кон соработка. За ова навестува фактот дека тој го отстрани контроверзниот министер за финансии Јанис Варуфакис од преговарачкиот тим. Но сеуште јазот што ги дели двете страни во преговорите, е многу длабок и широк. А на Ципрас му останува сè помалку време и можности за дејствување. Левите екстремисти претставуваат околу една третина од парламентарната група на Сириза и се претставени во кабинетот на министерот за енергетика Панајотис Лафазанис и социјалниот министер Димитрис Стратулис - двајца гласни марксисти. Декларираната цел на крајното лево крило на Сириза е Grexit, излегување на Грција од ЕУ и од НАТО. Грција треба да стане Куба на Европа. Досега Ципрас се плашеше од соочување со антиевропската внатрешна опозиција. Колку нападен и да е тој кон европските партнери, толку е срамежлив и дома. Како лајт мотив тоа слабо лидерство се провлекува во текот на целиот мандат досега. Затоа не е чудно што во владиниот камп веќе се разгледува можноста за референдум или нови избори. Бидејќи Ципрас не се осмелува да донесе одлука, тогаш ова решение ќе го донесат избирачите. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата