19 Декември, 2025
0.0581

1.150 слободни работни места! Започна Регионалниот саем за вработување!

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2022 12:14

Добивај вести на Viber

Тринаесеттиот онлајн Регионален саем за вработување синоќа точно на полноќ ја отвори својата богата понуда на отворени работни позиции од Македонија, Хрватска, Босна, Србија и Словенија Целата оваа работна недела, односно од 17 до 21 октомври посетителите на саемот можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места презентирани од 150 компании излагачи од Македонија и регионот со над 1.150 огласи за вработување.

Оваа година на своите штандови ве очекуваат: Македонски Телеком, Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Аутомотив, Кромберг и Шуберт, Жикол, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Кроација Осигурување Живот, Мајорел, Вабтек МЗТ, Адиент Аутомотиве Штип и Струмица, Маркарт Македонија, Лакталис, Лионед Груп, AgileProSolutions, DataMasters, Леорон и други.

Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, PureStorage и Ingosoftware од Србија и MaistraHospitalityGroup и JadranskiLuksuzniHoteli од Хрватска.

Саемот ќе трае 5 дена и е достапен 24 часа преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет конекција. За разлика од физичките саеми, Регионалниот саем за вработување можете да го посетите од кој било дел на земјата, кога и да ви одговара, на линкот https://mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com/

- Спектарот на огласи за работа што работобарателите можат да го најдат  на саемот е навистина широк. Овогодинешниот тринаесетти саем носи работодавачи со кои покрај кариерата ќе можете да го промените и местото на живеење. Оние кои сакаат да работат во трговија ги чекаат некои од водечките интернационални и регионални трговски синџири. Секако, на Саемот ќе најдете и други познати имиња од ИТ секторот, финансиите, банкарството, автомобилската индустрија, логистиката и други економски гранки.  За оние кои би сакале работа во странство имаме понуди за работа од реномирани хотелски групации од Хрватска, како и од компании од различни сектори од Србија. Без разлика дали сте без искуство или барате позиции кои би биле следниот чекор во вашата кариера, сигурни сме дека секој ќе најде нешто за себе - велат од Вработување. Ком

Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.comво соработка со партнерите од регионот: MojPosao – Hrvatska, PosloviInfostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија.

*пр објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција