06 Декември, 2025
0.0265

15 НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Само една дама, а Амансио Ортега „летна“ од третото место!

Објавено во: Финансии 03 Март, 2017 17:49

Добивај вести на Viber

Најбогатите 15 луѓе во светот имаат општа состојба од близу 794 милијарди долари. Само тројца од нив се наследници, останатите сами ги стекнале милијардите.

Ова го покажуваат податоците од Индексот на милијардери на Блумберг (Bloomberg Billionaires Index).

Рангирањето е од 1 март, кога широкиот индекс на Блумберг е објавен повторно. Тој вклучува 500 луѓе од целиот свет.

За да се најдете во Топ 15, мора да поседувате над 35 милијарди долари.

Деветмина од Топ 15 се од САД. Еден е од Кина, еден од Латинска Америка и другите четворица - од Европа.

Има само една дама меѓу нив.

Првите три најбогати се уште се Бил Гејтс и Ворен Бафет, но на третото место веќе не е сопственикот на Zara Амансио Ортега. Тој е изместен од друг милијардер кој успеал да додаде кон статусот речиси 22 милијарди долари.

Видете кој е новиот трет најбогат човек и кои се во Топ 15:

15. Џек Ма - 35,7 млрд.долари - 52 години, Кина

Основачот на Alibaba е најбогатиот човек во Кина. За последната година неговото богатство се зголемило за 8,4 милијарди долари.

14. Лилијан Бетанкур - 36,8 милијарди долари - 94 години, Франција

Наследничката на козметичкиот гигант L'Oreal е и најголем акционер во компанијата. Таа е најбогатата жена во светот, а нејзината состојба е зголемена за 3 милијарди долари за последната година.

13. Бернар Арно - 40 милијарди долари - 67 години, Франција

Сопственикот на модниот холдинг LVMH држи 70 луксузни брендови - од Louis Vuitton, во Hennessy до Dom Perignon, сите под контрола на компанијата-Groupe Arnault. За последната година богатството на Арно расте со 6,8 милијарди долари.

12. Сергеј Брин - 41,6 милијарди долари - 43 години, САД

Заедно со Лери Пејџ го основаат Google. Денес компанијата веќе е реконструирана под капата на холдингот Alphabet. За последната година Брин го зголемил богатството на 4,1 милијарди долари.

11. Лари Пејџ - 42,5 милијарди долари - 43 години, САД

Другиот основач на Google е сосема малку побогат. За последната година тој го зголемил богатстото на 4,3 милијарди долари.

10. Ингвар Кампрад - 43 милијарди долари - 90 години, Шведска

Ја основа IKEA, кога имал 17 години. Денес компанијата е најголемиот трговец на мало на мебел за дом со приходи од над 34,2 милијарди долари годишно. Кампрад се збогатил за 2,6 милијарди долари за последната година.

9. Лари Елисон - 45,3 милијарди долари - 72 година, САД

Основачот на софтверскиот гигант Oracle се повлече од неговото владеење во 2014 година, по 38 години на чело. Сега е главен технички директор. За последната година го зголемил своето богатство со 5,2 милијарди долари.

8 и 7. Дејвид Кох и Чарлс Кох - 47,9 милијарди долари - 76 и 81 години, САД

Двајцата браќа ја управуваат семејната компанија Koch Industries, која е втора најголема приватна компанија во САД со продажба за над 100 милијарди долари. Таа произведува сè - од вештачки ѓубрива до асфалт и био дизел.

6. Карлос Слим Елу - 50,7 милијарди долари - 77 години, Мексико

Најбогатиот човек во Мексико, кој за кратко бил и број 1 во светот по богатство, поседува над 200 компании, обединети под капата на конгломератот Grupo Carso. За последната година тој загубил 1 милијарда долари од своето богатство.

5. Марк Цукерберг - 58,5 милијарди долари - 32 години, САД

Во 2004 година, како студент на Харвард, го основа TheFacebook.com, базната верзија на социјалната мрежа, која има над милијарда корисници. Денес, на 32 години, тој е најмладиот меѓу Топ 50 милијардери во светот. Само за последната година неговото богатство се зголемило за 11,1 милијарди долари.

4. Амансио Ортега - 68,5 милијарди долари - 80 години, Шпанија

Творецот на модната империја Inditex, вклучувајќи марки како Zara, е најбогатиот Шпанец и Европеец. За последната година, тој изгубил 800 милиони долари од финансиската состојба. Не оваа загуба сепак е причината да биде поместен од третото место, туку големото зголемување на состојбата на оној кој го претекна и сега е на место број 3.

3. Џеф Безос - 73,1 милијарди долари - 53 години, САД

Творецот на Amazon.com веќе е број 3 во светот по богатство, а се доближува сосема блиску до број 2. За последната година тој го зголемил најмногу статусот од сите милијардери во светот - со цели 21,9 милијарди долари.

2. Ворен Бафет - 77,2 милијарди долари - 86 години, САД

Директорот на фондот Berkshire Hathaway е најпопуларниот инвеститор во светот. Со години тој стои на број 2 меѓу најбогатите луѓе во светот. Оваа година успеал да додаде кон богатството цели 13,1 милијарди долари.

1. Бил Гејтс - 85,2 милијарди долари - 61 години, САД

Основачот на Microsoft продолжува да е на чело на листата на најбогатите луѓе во светот, иако одамна се повлекол од оперативното управување на компанијата и решил да донира голем дел од своето богатство за социјални цели.

А само за година дена успеал да го зголеми своето богатство 10,6 милијарди долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката