15 Јануари, 2025
0.0276

20% од акцизата за горива ќе оди кај Јавното претпријатие за државни патишта!

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Со одлука на Владата, Јавното претпријатие за државни патишта (до неодамна Агенција за државни патишта) ќе добива 20% од акцизата од нафтените деривати кои се купуваат во Македонија. Износот на парите од делот на акцизата од горивата од државниот буџет ќе се уплатуваат на сметка на Јавното претпријатие за државни патишта. Од ова Јавно претпријатие за Фактор велат дека износот треба да го добиваат на квартално ниво, иако правеле напори сумата да ја добиваат и на дневно ниво. Парите ќе се вложуваат во изградба или реконструкција на патиштата. Агенцијата за државни патишта од почетокот на годинава се трансформира во Јавно претпријатие, кое годинава ќе има буџет од околу 4 милијарди денари (65 милиони евра). Од октомври 2012 година, патарините пренминаа во надлежност токму на Јавното претпријатие за државни патишта. Новоименуваниот директор,  Љупчо Георгиевски, кој во април минатата година ја напушти директорскaта позиција во Катастарот за недвижности и дојде на челната позиција на Агенцијата, најави модернизација на патарините и електронска наплата прво на Коридорот 10, а веднаш потоа и на Коридорот 8. Георгиевски неодамна најави дека е направена нова систематизација со која се опфатени и 250-те вработени од јавното претпријатие „Македонија пат“ кои работат на патарините и кои ќе треба да се придржуваат кон новиот правилник за работа. Јавното претпријатие за државни патишта најави и дека ќе распише и тендер за собирање на парите од наплатните рампи, најверојатно преку банка која ќе биде задолжена еднаш во текот на денот да гарантира за парите и да ги уплати на сметката на јавното претпријатие. К.П

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања