2015 ЗАДОЛЖУВАЊА: Во првата половина од годината – за враќање 400 милиони евра!
Објавено во: Финансии 04 Декември, 2014 08:31
“Парите што се потребни за раздолжување следната година се веќе обезбедени и проектирани во Буџетот за 2015 та. Еврообврзницата што навреме ја земавме под исклучително поволни услови и таа ќе овозможи во 2015 та година да нема ново задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар. Така да не треба да има грижа, средствата се обезбедени во Буџетот, проектирани, а буџетот е веќе усвоен во Собранието. До година навреме ќе се сервисираат сите обврски и ќе има добра ликвидност на Буџетот“ - изјави министерот Ставрески.Според податоците на Министерството за финансии, на завршницата од оваа година, не само што се зголемија задолжувањата на домашниот пазар, туку значајно се промени и нивната структура според рочноста. Од почетокот на оваа година почнаа долгорочните задолжувања на домашен терен, особено засили продажбата на државни хартии од вредност со рок на доспевање од пет години, а за прв пат се спроведе и продажба на домашни обврзници што ќе се враќаат по десет години. Така, анализата на бројките покажува дека во јануари состојбата со долговите со рок на доспевање од десет години изнесувала 2,8 милиони евра а веќе на крајот на октомври, овие обврзници го зголемиле учеството на 3,7% или во апсолутна бројка од 42 милиони евра. Според економиситите, кога се зборува за долгорочните хартии од вредност, за кредиторите поатрактивни се оние со девизна клаузула.
“Каматата може да биде променлива, тоа значи да се врзе за одредени, други движења, најчесто во ваков случај би се врзала за други, стабилни камати. Следната опцијае фиксна камата, без можност за промена и третата опција е купонската камата да биде со девизна клаузула. Во ваков случај, купувачите се заштитени од евентуална девалвација на денарот, додека издавачот, односно државата пак се соочува со опасноста од зголемени трошоци.“ - коментираат познавачите.Драматичен пораст има и кај задолжувањата што ќе треба да се враќаат по пет години. Според податоците на Минстерството за финансии, уделот на овие задолжување се зголеми на ниво од скоро 30 отсто. Според најавите од Владата, овој тренд на долгорочно задолжување на домашен терен ќе продолжи и догодина. Во исто време, се менува и структурата на кредиторите, односно банките го намалуваат своето учество, додека осигурителните компании и пензиските фондови стануваат се поголеми владини кредитори. Вчера, под основ на доспеани долгови, Владата на домашните кредитори им врати скоро 68 милиони евра. Ова беше практично и последното раздолжување за оваа 2014 та години, но не и последно задолжување. Имено, до крајот на оваа година најавени се уште две задолжувања од домашните кредитори. Со заемите на домашниот пазар, државата главно ги финансира тековните буџетски трошења, или со парите од новите задолжувања, раздолжува веќе доспеани долгови. Според податоците, на крајот од октомври Владата на домашните кредитори им должела 1,1 милијарда евра. За десет месеци, или од јануари до октомври внатрешниот долг се зголемил за 86 милиони евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





