16 Декември, 2024
0.0258

2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ

Објавено во: Економија 16 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Политичките лидери од Балканот во Брисел, Коморските во Скопје, недела неработен ден под лупа, економски развој на државата само со минимум раст од 3% на БДП – СРЕЌНА НОВА 2025

Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, утре (17.12.2024 г.) во Скопје ќе ја одржи својата 33та седница, на која домаќин ќе биде потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.

На седницата, лидерите на коморите од регионот ќе дискутираат за клучните приоритети во активностите на Коморскиот инвестициски форум во 2025 година, имајќи го во вид отпочнувањето на примената на новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар, во кој КИФ е активно вклучен во структурата на управување со процесот во однос на имплементацијата и надгледувањето на мерките предводени од приватниот сектор.

Со усвојувањето и имплементацијата на стандардите на ЕУ, како основа на мерките во рамките на Заедничкиот регионален пазар, Акцискиот план служи како важна пристапна порта кон единствениот пазар на ЕУ во многу сектори и како алатка за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ, и затоа вклучување на стопанските комори од регионот со активности, преку КИФ во овој процес, е од клучно значење за максимизирање на придобивките.


На домашен план како да започнаа да се заокружуваат клучните економски активности. Се донесе буџетот, се финишираат активностите со унгарскиот кредит, Бехтел и Енка се внесени во извршување на работите, странските инвестиции продолжуваат, на анализа одат неколку суштински закони меѓу кои и Законот за работни односи во делот на недела неработен ден. Што значи после три годишна  имплементација  Законот оди на преиспитување.

Растот на Бруто домашниот производ од 3% за третото тромесечие дава поттик и надеж за акција – 2025 да биде година во која секоја нареда година ќе имаме повисока стапка на раст. За таа цел, Комората во петокот (13.12.2024 година) организираше два настани кои ги фокусираат нашите приоритети – борба против корупцијата и градење вештини за потребите на бизнисот во високо образовните институции, како продолжение на се` она што го направивме во дуалното образование во средните училишта.

Да резимираме, бизнисот е структура која работи на долги патеки и во моментов претставува единствен кохезионен партнер на нашите простори: меѓудржавни, меѓунационални, меѓуверски, генерациски итн.

Нашиот предлог е сосема едноставен. Поддржете ги нашите вакви определби, за да може бизнисот да Ве поддржи вас.

П.С. После новогодишните празници нашите активности продолжуваат, а ќе започнат со две значајни работи:

1. Во Скопје ќе се одржи работна средба на Асоцијацијата на Балкански Комори (АБК), на која исклучиво ќе се разговара за развојот на инфраструктурата на Балканот во функција на развој на бизниот, особено за железницата која е рак рана на транспортот како важна алатка во нашето работење. За таа цел, оваа недела ќе имам работни средби со моите колеги од Грција и Турција, Масутис и Хисарчиклиоглу, на кои ќе ги дефинираме заклучоците на АБК.

2. На домашен план, ќе стартуваме со отворање на Институтот за извоз кој што произлезе од проектот “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, кој се спроведува во партнерство со УСАИД, со новиот состав на Националниот совет за извоз како обединувачко тело на приватниот и јавниот сектор во делот на извозот.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА СЕ БАРААТ КОМПАНИИ КОИ ЌЕ НУДАТ НОВИ АВИОЛИНИИ: Ќе треба да се лета минимум два пати неделно

СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА СЕ БАРААТ КОМПАНИИ КОИ ЌЕ НУДАТ НОВИ АВИОЛИНИИ: Ќе треба да се лета минимум два пати неделно

Стојкоски и Дурмиши: Ќе провериме дали цените се зголемуваат кога ги најавуваме „празничните кошнички“

Стојкоски и Дурмиши: Ќе провериме дали цените се зголемуваат кога ги најавуваме „празничните кошнички“

ШТО ЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Покрај трговската политика на Доналд Трамп, тие се соочуваат со уште два големи предизвици

ШТО ЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Покрај трговската политика на Доналд Трамп, тие се соочуваат со уште два големи предизвици

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

КОСТОВА: Во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра

КОСТОВА: Во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра