16 Декември, 2024
0.0250

СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА СЕ БАРААТ КОМПАНИИ КОИ ЌЕ НУДАТ НОВИ АВИОЛИНИИ: Ќе треба да се лета минимум два пати неделно

Објавено во: Економија 16 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерство за транспорт соопшти дека е отворен jавен повик за доставување барање за доделување финансиска поддршка за воведување нова/нови дестинација/и од аеродромите во земјава. Финансиската поддршка се доделува за период од 1 јануари 2025 година заклучно со 31 декември 2027 година.

Давател на финансиската поддршка е Владата која донесе Програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава на домашни и странски превозници за периодот 2025-2027 година. 

Финансиската поддршка за секоја нова дестинација е утврдена во износ од: 9 евра по патник во доаѓање во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Македонија на денот на изготвување на барањето за плаќање, за патници превезени до Меѓународниот аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање во денарска противвредност за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Средствата кои се останати по првиот повик за финанасиска поддршка, кои се утврдени по години и не се пренесуваат, се во износ од: 81.613.245,00 денари (1,327,045 евра) за 2025 година, 62.144.371,00 денари ( 1,010,478 евра) за 2026 година и 63.255.968,00 денари (1,028,552 евра) за 2027 година.

- Авиопревозникот на кој ќе му биде одобрено барањето за финансиска поддршка треба секоја нова дестинација воведена од/до „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, да ја опслужува најмалку два пати неделно, по однапред определен ред на летање за периодот за кој му се доделува финансиската поддршка, наведен во поднесеното барање, освен за неделата во која се паѓаат Нова година и верските празници католички и православен Божиќ, стои во повикот. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

„Божиновска: Македонија поблизу до енергетска ефикасност преку Фондот на Светската банка“

„Божиновска: Македонија поблизу до енергетска ефикасност преку Фондот на Светската банка“

Стојкоски и Дурмиши: Ќе провериме дали цените се зголемуваат кога ги најавуваме „празничните кошнички“

Стојкоски и Дурмиши: Ќе провериме дали цените се зголемуваат кога ги најавуваме „празничните кошнички“

2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ

2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ

ШТО ЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Покрај трговската политика на Доналд Трамп, тие се соочуваат со уште два големи предизвици

ШТО ЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Покрај трговската политика на Доналд Трамп, тие се соочуваат со уште два големи предизвици

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени