16 Декември, 2024
0.0352

Стојкоски и Дурмиши: Ќе провериме дали цените се зголемуваат кога ги најавуваме „празничните кошнички“

Објавено во: Економија 16 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Бесар Дурмиши,неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат,Влатко Стојкоски,најавија анализа дали најавите на одлуките за ограничување на цените со празничките кошници, ги тераат трговците да ги поскапуваат производите претходноза да бидат потоа повторно во ќар кога ќе треба да ги поевтинат за 10 отсто.

- Треба да се каже дека ова е иницијатива на самиот бизнис сектор за пониски цени за 10 проценти, а не не Владата.  Бројот на производи опфатени со новата „новогодишна кошница“ континуирано расте и достигнма 962 производи. Достапни се за граѓаните во 38 ланци на маркети, изјави Дурмиши.

Тој рече дека растот на трошоците што го прикажува месечната потрошувачка кошница на Сојузот на синдикати на Македонија во неговата методологија на пресметка не опфаќа половина од производите кои ќе бидат намалени од 15 декември до 15 јануари.

Според Стојкоски, Законот за заштита на потрошувачите им дозволува на инспекторите да ги споредуваат цените само во изминатите месец дена за да се види дали има реално намалување кај трговците кога одлуките со празничните кошници стапуваат на сила.

- Станува збор за акциска продажба, трае еден месец и е на трговците, кои во случајов сакаат да покажат општествена одговорност, додаде Стојкоски.

Инфлацијата во меѓувреме во ноември се зголеми за повеќе од 4 отсто во споредба со истиот период лани, а раст имаше и на цените на храната. Од тука може да се заклучи дека трговците најверојатно месец ноември го користеле за поскапување, бидејќи уште тогаш знаеја дека за Нова Година ќе мора да прикажат поевтинување,

- Мониторинг прават Синдикатите, Организацијата на потрошувачи и самите граѓани. Ако има изигрување на она што самите го понудиле, навремено може да се пријави. 

Ако се покаже дека има недоследности и непочитување, Владата ќе пребегне кон поригорозни мерки, наведе Ристески.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА СЕ БАРААТ КОМПАНИИ КОИ ЌЕ НУДАТ НОВИ АВИОЛИНИИ: Ќе треба да се лета минимум два пати неделно

СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА СЕ БАРААТ КОМПАНИИ КОИ ЌЕ НУДАТ НОВИ АВИОЛИНИИ: Ќе треба да се лета минимум два пати неделно

2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ

2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ

ШТО ЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Покрај трговската политика на Доналд Трамп, тие се соочуваат со уште два големи предизвици

ШТО ЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Покрај трговската политика на Доналд Трамп, тие се соочуваат со уште два големи предизвици

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

КОСТОВА: Во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра

КОСТОВА: Во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра