21 Јануари, 2025
0.2319

25 ДЕКЕМВРИ ДЕН „Д“ ЗА МАКЕДОНИЈА: Изборите во Теарце ќе одлучат кој ќе формира Влада!

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Повторувањето на изборите на едно избирачко место во општина Теарце, близу до Тетово во северозападна Македонија, ќе ја одлучи судбината на државата, односно која партија ќе формира влада-актуелната владеачка ВМРО ДПМНЕ на екс премиерот Никола Груевски или опозиционата СДСМ на Зоран Заев.

Одлуката за прегласување на избирачкото место 2011 ја донесе Управниот суд, што предизвика големо незадоволство во редовите на ВМРО со оглед на многу тесниот резултат, кој двете партии го освоија по изборите на 11 декември-51:49 пратенички места во корист на таа партија.

Лидерите на двете партии прогласија изборна победа , а незадоволството на ВМРО ДПМНЕ доаѓа оттаму што повторување на изборната  победа би можело да го промени овој резултат. Затоа сметаат аналитичарите, многу тешко е да се прогнозира која од двете водечки партии ќе формира влада, а медиумите оценуваат дека убедливо најдобра позиција има албанската ДУИ на Али Ахмети, инаку, досега традиционалниот коалиционен партнер на коалицијата која ја предводи Груевски.

Доколку ни ВМРО ДПМНЕ ни  СДСМ не постигнат договор со Ахмети за формирање нова влада, која Македонија би требало да ја изведе од длабоката и две и пол години долга криза, во Скопје не се исклчува можноста за распишување на нови избори кои би биле одржани заедно со локалните, во мај или јуни наредната година.

Прегласувањето во Теарце ќе се одржи в недела, на 25 декември, а 10 пратеници кои ги има ДУИ пресудно ќе влијаат на изборот на идната влада во било која комбинација, бидејќи македонското собрание брои 120 пратеници. ДУИ тоа, сметаат аналитичарите, добро го знае и затоа тие отворено ќе бараат официјална употреба на албански јазик на територијата на цела Македонија, решавање на спорот со Грција околу името на државата, продолжување на евроатланските интеграции, како и нив да им припадне една од челните функции во државата-претседател, премиер или претседател на Собрание.

Заев на Албанците практично веќе им вети слични позиции, па преговоирте на СДСМ со ДУИ најверојатно ќе одат мазно, што не може, меѓутоа да се каже и за ВМРО ДПМНЕ која, како се верува, на никој начин не би прифатила такви барања.

ВМРО ДПМНЕ смета дека одлуката за повторување на изборите не е во согласност со законот па од таа партија се заканија дека ќе ги бојкотираат, а ако резултатот во целина биде променет во корист на СДСМ тие , како што тврдат нема да ги признаат. Се тоа дополнително ги зголемува тензиите во и онака поделената држава, посебно по повеќедневното заседание на ДИК  која практично не прифати ниту еден приговор, па за повторување на изборите во Теарце одлучи Управниот суд.

Можеби ќе ве интересира

OTKAKO ЈАВНОСТА ДОЗНА ДЕКА УМЕТНИК ОД ПРИЛЕП ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈА: Ги прашаме граѓаните дали ја ценат уметноста и дали купуваат слики?

OTKAKO ЈАВНОСТА ДОЗНА ДЕКА УМЕТНИК ОД ПРИЛЕП ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈА: Ги прашаме граѓаните дали ја ценат уметноста и дали купуваат слики?

ЕВЕ ОД КАДЕ И СО КОГО МИЦКОСКИ ЈА СЛЕДЕШЕ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Беше во ложа

ЕВЕ ОД КАДЕ И СО КОГО МИЦКОСКИ ЈА СЛЕДЕШЕ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Беше во ложа

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома