06 Декември, 2025
0.1940

5 стратегии за вашиот бизнис, ако сте со ограничени финансии

Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2016 16:32

Добивај вести на Viber

Најголемиот предизвик пред секој ветувачки претприемач е да успее да изгради бизнис со ограничени ресурси. Успехот на иницијативата е суштинската разлика меѓу тоа да имате прогресивна компанија и да го погребете вашиот сон. И додека парите се еден од основните ресурси, на кој се потпираат повеќето претприемачи, само нивното присуство не гарантира успех. Ако не ви недостасуваат мотивација, посветеност, желба за здрава работа и слично, има начин да се пробиете дури и со ограничени финансии, пишува Insider.

Проверете ги овие 5 лесни стратегии за акција кога паричните средства ви се лимитирани.

1. Самофинансирање. 

Примената на стратегија, во која ќе ги вметнете сите заработени пари од компанијата во развојот на идните нејзини проекти, се нарекува органско финансирање. Вашиот бизнис ќе расте со брзината со која доаѓаат приходите. Ова води до пријатно чувство на независност од надворешно финансирање и инвеститори и до подобра внатрешно-фирмена финансиска дисциплина.

2. Вложете во маркетинг на социјални мрежи. 

Социјалните медиуми имаат важна улога во промовирањето на вашиот бизнис. Создавање на мрежа на контакти и изнаоѓање на потенцијални нови клиенти во социјалните платформи како Facebook, LinkedIn, Twitter, итн може да се покаже како многу корисно за развојот на компанијата отколку што може да претпоставите. И сето тоа со минимални трошоци.

3. Учете од вашите грешки и бидете флексибилни. 

Ограничените финансиски можности за почетник претприемач можат да се скриен благослов , иако тоа може да ви звучи лудо. Компании со ограничени средства не можат да си дозволат да фрлаат пари за непотребни идеи и производи осудени на пропаст . Недостатокот на неограничени финансиски можности е нешто како природна селекција за најдобрите и креативни идеи кои навистина заслужуваат да видат бел свет.

4. Создадете си стратешки партнерства.

Едно од најдобрите решенија за справување со ограничените финансии е да се изгради заемно партнерство со други компании. Може да се примени принципот на Бартер трансакции, така што ќе разменувате ресурси, услуги и производи и сè друго што го сметате за потребно.

5. Трошете мудро.

Најважната од сите стратегии, кога имате финансиски тешкотии, останува сигурно финансиско планирање на приходите и расходите. Многу стартап компании пропаѓаат бидејќи не трошат наспроти реалните можности. Оправдани трошоци и штедливост денес ќе ви помогнат утре да ја изградите успешната компанија, за која сонувате.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката