22 Септември, 2023
0.0219

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Швацарија објави оглас, еве кои се условите за да се преселите

Објавено во: Финансии, Свет 16 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Швајцарското село Албинен во кантонот Вале нуди повеќе од 50.000 евра на семејствата кои се подготвени да се преселат на 1.300 метри надморска височина каде што ќе ги пречека недопрената природа.

Имено, ова живописно село сместено на планинска падина последните години се соочува со проблем на депопулација поради недостиг на работа, а бидејќи има само околу 200 жители, швајцарската влада одлучила да им плати на луѓето да се преселат.

Владата нуди 25.000 евра за возрасен, 50.000 евра за двочлено семејство и дополнителни 10.000 евра по дете. Сепак, постојат неколку услови што мора да ги исполните.

10 години на село

Имено, сите оние кои сакаат да дојдат и да живеат тука од својата работа мора да бидат помлади од 45 години. Покрај тоа, тие мора да останат да живеат во селото најмалку 10 години.

Добиената финансиска поддршка мора да ја вложите во купување на недвижен имот со минимална вредност од 200.000 евра и тој да стане ваш постојан дом, а не второ живеалиште. Доколку ги прекршите условите, ќе мора да ги вратите парите на државата.

Дополнително, за да аплицирате, мора да сте швајцарски државјанин или да имате дозвола за постојан престој (Дозвола В). За оние кои доаѓаат од земја членка на Европската унија, дозволата може да се добие за пет години.


Можеби ќе ве интересира

ПРОГРАМЕРИТЕ УБЕДЛИВО НА ВРВОТ - Отскокнуваат од останатите плати во земјава: Еве ја листата на највисоки примања

ПРОГРАМЕРИТЕ УБЕДЛИВО НА ВРВОТ - Отскокнуваат од останатите плати во земјава: Еве ја листата на највисоки примања

АЗИСКИТЕ БЕРЗИ ВО ЗАГУБА: Доларот зајакна, цената на нафтата падна

АЗИСКИТЕ БЕРЗИ ВО ЗАГУБА: Доларот зајакна, цената на нафтата падна

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТАТА ВО ЈУЛИ 36.286 ДЕНАРИ - Поголема во споредба со минатата година, но помала од минатиот месец

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТАТА ВО ЈУЛИ 36.286 ДЕНАРИ - Поголема во споредба со минатата година, но помала од минатиот месец

ДАЛИ КРЕДИТИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ ПОСКАПАТ? - Народна банка пак ја крена каматата, сега изнесува 6,30 отсто

ДАЛИ КРЕДИТИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ ПОСКАПАТ? - Народна банка пак ја крена каматата, сега изнесува 6,30 отсто

И ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ГРЕАТ СО ВЛАДИНА ПОМОШ: Годишно само за струја и плин даваат над 3.500 евра!

И ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ГРЕАТ СО ВЛАДИНА ПОМОШ: Годишно само за струја и плин даваат над 3.500 евра!

ЕВЕ ЗОШТО НИКОЈ НЕ САКА ДА ЧИСТИ: Плата за хигиеничарка само 700 евра- дали е доволна за оваа неценета работа?

ЕВЕ ЗОШТО НИКОЈ НЕ САКА ДА ЧИСТИ: Плата за хигиеничарка само 700 евра- дали е доволна за оваа неценета работа?

„КОГА НАШИТЕ ЌЕ ВИ КАЖАТ ДЕКА ИМААТ СТАН ВО СТРАНСТВО, ПРАШАЈТЕ ГИ КОЛКУ ДОЛЖАТ“: Како до стан во Швајцарија и колкави се кириите во ветената земја

„КОГА НАШИТЕ ЌЕ ВИ КАЖАТ ДЕКА ИМААТ СТАН ВО СТРАНСТВО, ПРАШАЈТЕ ГИ КОЛКУ ДОЛЖАТ“: Како до стан во Швајцарија и колкави се кириите во ветената земја

ЗА 113 АКЦИИ НА НЛБ БАНКА ПЛАТЕНИ НАД 51 ИЛЈАДИ ЕВРА - берзанска блок трансакција

ЗА 113 АКЦИИ НА НЛБ БАНКА ПЛАТЕНИ НАД 51 ИЛЈАДИ ЕВРА - берзанска блок трансакција

ДУБАИ АСОЦИРА НА ЛУКСУЗ, АМА НУДИ ТЕЖОК ЖИВОТ: Исповед на нашинци кои се преселиле таму, платите се драстично пониски од европските!

ДУБАИ АСОЦИРА НА ЛУКСУЗ, АМА НУДИ ТЕЖОК ЖИВОТ: Исповед на нашинци кои се преселиле таму, платите се драстично пониски од европските!