500 илјади обработени гласови, многу тесно, вкупно води ВМРО-ДПМНЕ без пресметани мандати
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016 22:42
Според најновите 500.000 обработени гласови на веб страната на ДИК, во благо вкупно водство и натаму е ВМРО-ДПМНЕ со 205.269 гласови пред СДСМ кој е втор со 182.853 гласови. Сепак, ова се уште не се рефлектира во вкупно освоени мандати бидејќи се чека ДИК да ги обработи сите официјално пристигнати резултати, па потоа да прогласи кој е победник.

Ова укажува дека ВМРО-ДПМНЕ има мало водство но, пред се во третата изборна единица, додека пак СДСМ води во Скопје и останатите големи градови, па поделбата на мандати најверојатно ќе биде изедначена.
ДУИ води кај албанците во Македонија со 32.840 гласови, а БЕСА веќе е на второ место 19.598.
Неофицијално од партиски извори на СДСМ тие водат со еден пратеник повеќе, поточно 52 наспроти 51 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




