Бугарската армија продава недвижен имот
Објавено во: Балкан 08 Август, 2013
Во Софија и другите големи градови низ Бугарија, армијата започнува со продажбата на недвижен имот, а на листата се пет аеродроми, 58 касарни и продавници.
Вкупната вредност на имотот од почетокот на годината до денес што е ставен на листата за продажба достигна речиси 7,5 милиони евра. Оваа сума не ги вклучува аеродроми, бидејќи се очекува државата да ја процени нивната вредност.
Армијата на Бугарија има околу 1100 згради и друг имот што веќе не се користи, според Министерството за одбрана.