Добивај вести на Viber
Четворица од пет возрасни Американци живеат на работ на сиромаштијата и се соочуваат со невработеност поголем дел од нивниот живот, покажува анкетата направена од „Асошејтед прес“, објави американски „Бизнис инсајдер“.
Причината за ваквата состојба, ккао што се наведува во истражувањето, се зголемената глобализација на американската економија, зголемувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните и загубата на доброплатените работни места во производниот сектор на САД.
Истражувањето покажува дека расните и етничките малцинства се оние што најмногу живеат во сиромаштија, иако расните нееднаквости, мерени преку стапката на сиромаштија, се имаат намалено од 1970 година.
Економската несигурност меѓу белците е поголема и таа опфаќа над 76% од возрасните белци, додека наполнат 60 години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.