19 Декември, 2025
0.0930

А1 Business Pro тарифи, најнова атрактивна понуда за деловните корисници

Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2022 10:45

Добивај вести на Viber

Неограничен интернет, 5G, зголемени субвенции за мобилни услуги и A1 Combo Business поволности со A1 NET PROTECT 24 месеци без надомест

Скопје,9.12.2022г.- А1 Македонија со огромно задоволство го најавува новото портфолио за мобилни услуги за деловните корисници A1 Business Pro,кое нуди комплетно решение за сите компании и низа атрактивни поволности.

“Свесни за потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси, го креиравме новото A1 Business Pro тарифно портфолио кое нуди флексибилност во комуникацијата и поврзаност преку најбрзата мобилна мрежа, но и можност за користење на интернет со гигабитни брзни преку 5G мрежата на А1 и секако дополнителни субвенции и нови смарт уреди. Ова е уште еден доказ за нашата посветеност кон градењето партнерски однос со нашите деловни корисници кои се инспирација за креирање на најдобрите понуди на пазарот”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

Со новото портфолио, А1 воведува пет нови А1 Business Pro пост пејд тарифни модели за мобилна телефонија, со исклучителни бенефиции дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Со избор на еден од тарифните модели,деловните корисници добиваат неограничен интернет, 5G достапност, вклучен роаминг сообраќај и можност за избор на бесплатен пакет според желбите и потребите на корисниците, како и можност за зголемен буџет за набавка на уред согласно тарифата која ја избираат.

Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик науште поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди. Дополнително, со секоја активација или обнова на мобилна линија во рамки на А1 Combo Business, деловните корисници добиваат и можност за користење на услугата A1 Net Protect 24 месеци бесплатно за дополнителна безбедност при користење на најбрзата мобилна мрежа.

Повеќе информации за понудата можете да најдете на www.a1.mk

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА