05 Декември, 2025
0.0578

АЦВ ПЛАНИРА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПЛАТИ И ПРИДОНЕСИ – растат приливите, а ќе се зголеми и бројот на вработени

Објавено во: Финансии 10 Јануари, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Воздухопловците годинава ќе го прошират „семејството“, ама ќе добијат и покачување на платите. Најновиот годишен план за работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство покажува дека се планира раст и на приходите и на расходите во тековната 2025 година. Имено, согласно планот во нивната каса треба да влезат 5,9 милиони евра, што е зголемување за 31,1 процент.

Иако дел од приходите ќе бидат намалени, како надоместокот за користење полетно-слетна патека за возење, полетување, слетување и осветлување за 76 проценти, но и приходите од одобрение на лет, кои се намалуваат за 20 проценти, сепак, вкупните приходи во Агенцијата ќе бидат повисоки од ланските.

Солиден раст ќе има кај надоместоци од Терминални услуги од високи 95 проценти, но и кај финансиските приходи. Новина со која ќе има поголем прилив во нивната каса се и надоместоци од патници во заминување.

Кај расходите, Агенцијата убедливо најмногу пари планира да потроши за плати и надоместоци за вработените. Имено оваа година за плати, бруто плати се планираат 188,7 милиони денари, или нешто над 3 милиони евра.

Во споредба со минатата година, сумата за плати се зголемила за високи 25,1 проценти. Имено, како што е наведено во извештајот лани за оваа намена биле потрошени 150,8 милиони денари, или 2,4 милиони евра.

Следна ставка за која се одвојуваат најмногу пари од буџетот на АЦВ се членарини и други давачки, за што ќе бидат потрошенинад еден милион евра. Висока сума се планира и за објект за оваа институција. Имено за ставката Градежни објекти-деловен простор се планираат 450 илјади евра, додека за опремување, или ставката „Алат, канцеларисти инвентар, мебел и транспортни средства“ –260 илјади евра.

Годишниот финансиски план за 2025 година на институцијата, на чие чело по заминувањето на Томислав Тунтев е Драги Стојаноски, веќе е доставен до собраниските пратеници.

Во него директорот истакнал дека средствата за платите ќе се искористат за покривање на основна плата, надоместоци на плата, здравствено и пензиско осигурување, надоместок за успешност, ноќен труд, празнична работа, прекувремена работа и останати надоместоци на плата, во согласност со позитивните законски одредби, Правилник за плати и Колективен договор.

Притоа се истакнува дека платите на вработените во оваа институција се пониски од оние во регионот и земјите членки на унијата, поради што честопати заминуваат дел од вработените.

-  Примањата на вработените треба да се во согласност со меѓународните стандарди, усогласени со висината на платите во субјектите од авиоиндустријата. Сепак, со оглед на вкупната економска состојба, животниот стандард и актуелните примања во државната администрација, платите во Агенцијата се пониски од платите на вработените во регулаторните тела во соседните држави, како и во останатите држави со слично ниво на развој на националната авиоиндустрија. Токму поради тоа, Агенцијата доаѓа до потешкотии при обезбедување на високо стручни воздухопловни кадри, со потребните обуки, стручни познавања и работно искуство, кои вршат надзор над работата на субјектите во авиоиндустријата– се нагласува во финансискиот план.

Притоа укажуваат дека „нивото на платите на вработените, посебно на високо стручните воздухопловни кадри од основната дејност, мора да обезбеди мотивациона активност за остварување на квалитетен надзор врз учесниците во авиособраќајот, да создава услови за подигање на одговорноста во работењето и професионалниот однос, а со тоа и подигнување на нивото на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај во државата“.

-  Со овој финансиски план се обезбедени средства за нови вработувања, во согласност со донесениот Годишен план за вработувања на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, кој е изработен врз основа на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места, како и реално утврдените потреби од стручен кадар– се нагласува во финансискиот план на Агенцијата.

Ако се направи груба пресметка, согласно податокот дека за бруто плати следната година се планираат 3 милиони евра, и фактот што во еден од извештаите на оваа институција е посочено дека таа брои 81 вработено лице, со рамномерна распределба бруто платите на вработените во оваа институција годинава ќе се движат околу 3 илјади евра месечно.

Сепак, факт е дека не сите имаат исти плати во АЦВ, а дополнително во сумата се вклучени и трошоците за социјални и пензиски придонеси, како и трошоците за плати и за новите вработени, сосема е разбирливо дека платите кои ќе ги добиваат дел од вработените се пониски. Дополнително, платите се разликуваат зависно позициите, но се далеку повисоки од останатите административци во земјава.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката