Адвокатите на осомничените терористи од Дива Населба тврдат: Полицијата ги нападнала, тие се бранеле
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2017 19:32
Адвокатите на обвинетите припадници на терористичката група која водеше битка во „Дива Населба“ тврдат дека од транскрибираните разговори кои беа презентирани на денешното судско рочиште се потврдува дека тие биле нападната од полицијата. Затоа пружале отпор во неможност да се предадат.
Насер Рауфи изјави дека првите два до четири часа од акцијата, групата била подготвена да се предаде, но според него, тоа било невозможно, информира Алсат.

„Оваа група не нападнала, туку била нападната и немала ниту волја, ниту желба да дава отпор, нонејзините членови откако биле нападнати, биле принудени и да се одбранат. Очигледно е дека два до четири часа по нападот групата сакала да се предаде. Втората група сакала да се предаде, но имало жртви“, рече адвокатот Рауфи.
Наредното рочиште за „Дива Населба“ ќе се одржи в четврток кога и ќе бидат преслушани разговорите за време на акцијата. На почетокот на февруари одбраната треба да почне со презентирање на своите докази, а се очекува како сведоци да бидат повикани и политичари и поранешни државни функционери
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




