27 Ноември, 2024
0.0278

АХМЕТИ БЕШЕ ПРАШАН ЗА „ВОЈНАТА“ СО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС - еве што одговори: „ЕКОНОМИЈАТА НЕ ТРЕБА ДА ИМА ОГРАНИЧУВАЊЕ И ИЗОЛИРАЊЕ“

Објавено во: Економија 19 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

На вчерашното интервју на луидерот на ДУИ Али Ахмети, за емисијата 360 степени, која почна да се емитува на Јавниот сервис, се отвори многу интересна тема која долг период ја окупира домашната политичка и економска јавност.

Имено, откако во домашниот бизнис сектор неофицијално се појавија загрижености дека функционери на ДУИ кумуваат на влез во домашните компании, од ДУИ одговорија дека сдтанува збор за „хибриден политичко-економски режим“ во земјава кој работи против ДУИ.

Новинарот Васко Попетрески го прапша Ахмети дали во Струмица расчистил со Заев за тоа дали се во комуникација со Мицковски за влада без ДУИ.

„Заев уште во кампања кога беше во опозиција зборуваше за Влада без ДУИ“, рече Ахмети.

Но, новинарот инсистираше Ахмети да се изјасни дали има информации за поново време, кога Заев беше на власт.

„Ве прашувам бидејќи во политичките кругови се зборува дека Заев и Мицковски биле во комуникација, дека таа не престанала, и дека едно од сценаријата на кои што се обидоа да работат, а веројатно вие сте еден од тие што го растуривте тоа сценарио, беше предвремени избори уште пролетта, брзо фомирање на Влада, а се зборуваше за Влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ?“, праша Попетрески.

„Има работи што не можеме да ги споделиме со јавноста“, рече Ахмети.

Новинарот Попетрески на тоа констатираше дека и овој одговор е доволен, и дека граѓаните тоа го разбираат. 

Тој го праша Ахмети дали таа идеја е уште жива, дали живее?

Ахмети рече дека „ако тие идеи не се лечеле, тие живеат повторно“.

А на прашањето кој се обидува да ја лечи таа идеја, Ахмети со одговор

„Не знам дали има лек“. 

Новинарот нагласи дека ова го става во контекст на, како што го нарекоа во ДУИ, „хибридниот политичко-економски режим“ во земјава кој работи против ДУИ.

Еве го одговорот на Ахмети.

„Не сакам да политизирам, ниту сакам да бидам во својство на подметнувач на пожар, но односите помеѓу политичките партии, албански, македонски, помеѓу бизнис класата, во оваа земја политичките партии за стратешки, геополитички прашања, се принудени да имаат платформи, да имаат усогласување на ставовите. Мислам дека исто така и на бизнис класата и треба заедничка платформа, неделива на етничка основа, бидејќи економијата не можеш да ја делиш на економија на едната и економија на другата страна. Не може да напредуваме на етнички основи во економијата. Не може да напредфуваме врз ограничени државни основи. држава без односи со соседите. Значи економијата не треба да има ограничување, не треба да има изолирање, туку треба да биде отворена и за соработка. Во овој правец, секоја тенденција да се етнизира економијата, или да се маргинализира едната страна, сигурно дека е многу штетно. Јас ќе споменам еден сигурен аргумент. Еден поранешен функционер, со голем авторитет, кој беше на чело на државата бп 90-те години, по приватизацијата побара средба со мене, не сакам да го споменам по име, но е авторитет и е во години, доаѓа и ми кажува точни работи, вистинити. ‚Војната во Македонија немаше да се случи, но јас бев висок функционер, и сум згрешил, бидејќи бев на чело на процес за приватизација, и сите средби што ги имавме, биле за тоа како да ги тргнеме Албанците од приватизацијата, како да ги тргнеме Албанците од заедничкото богатство кое беше изградено од тогашната социјалистичка држава. Јас згрешив, да бев праведен и да одлучевме праведно за приватизацијата, сигурно дека тоа ќе се одразеше и во меѓуетничките односи, немаше да ги иритира и револтира Албанците'. Што го деморализира и иритира еден народ? Неправдата. Јас не сакам да релативизирам и да амнестирам, но ако има такви групацуии, грешат. Не случајно ви го кажав ова, и средбата што ја имав не толку одамна, со многу одговорен функционер“, рече првиот човек на ДУИ. 

Прашан дали ова значи дека сака да каже дека таа група е активна уште?

„Тоа е погрешен пристап. Може да има такви луѓе кои мислат дека ете Албанците ни ја земаат државата, економијата, Не, Албанците се дел од оваа држава. Албанците се државјани на оваа држава“, рече Ахмети, споменувајќи го и Коридорот 8. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!