Ахмети: Договор за јазикот е постигнат, протестите да не бидат насилни
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 16:14
Протестите се демократско право на изразување на незадоволство, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со шведскиот амбасадор во земјава, Матс Стефансон, осудувајќи го нападот на новинарската екипа на „А1он“ на вчерашниот протест.
Ахмети и Стефансон разговарале за актуелната состојба во Македонија и за преговорите меѓу политичките партии околу формирањето нова влада.
Лидерот на ДУИ, како што соопштуваат од партијата, истакнал дека партијата успеала да ги заокружи преговорите за законот за употреба на албанскиот јазик, како и точките од заедничката изјава на албанските политички партии, додека за другите прашања се чекаат процедурални одлуки во врска со мандатот за формирање влада.
„Претседателот на ДУИ, Ахмети, истакна дека во ДУИ сè уште не е одлучено дали партијата ќе остане во опозиција, во исто време поддржувајќи малцинска влада или ќе биде дел од новата влада и ги образложи предностите и недостатоците на двете опции“, стои во соопштението на ДУИ за средбата меѓу Ахмети и Стефансон, на која тие разговарале и за локалните избори, како и за потребата за завршување на конституирањето на Собранието што е можно поскоро./META
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието




