Ахмети и Џафери не дојдоа на судењето на Богоевски, тој најави контра тужби за сите
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017 18:18
Ахмети и Муса Џафери од ДУИ кои водат приватна судска постапка за нанесена клевета против екс разузнавачот Слободан Богоевски денес не дојдоа во судот на новото рочиште кое е одложено по втор пат.
Одбраната на Богоевки побара судот да се прогласи за ненадлежен бидејќи изјавата на Богоевски која е предмет на наводна клевета е дадена за американски истражни органи за што веќе се води судска постапка во Њујорк за случајот на незаконско работење на Маѓар Телеком за што има сомнежи дека биле инволвирани и македонски политичари.

„Нека заврши подготвителното рочиште и во зависност од одлуката на судот ќе процесирам кривична пријава против сите инволвирани во постапката бидејќи е очигледно дека сакаат да продуцираат повеќе ефекти – прво, да се правдаат пред електоратот дека, ете, тие се чесни и невини; второ, да издејствуваат каква било пресуда овде во македонските судови, каде што сè се прави по нарачки и да покријат кривична постапка со граѓанска постапка, што е тотален нонсенс, но во Македонија сè е можно“ - изјави Боегоевски.
Од друга страна, пак адвокатката Татјана Поповски, која ги застапува тужителите Ахмети и Џафери, пред судот тврдеше дека изјавата во која се содржеле елементи на клевета Богоевски ја дал во Македонија во адвокатска канцеларија и истата е заверана на нотар, па затоа и има основа за надлежност на македонски суд.
Судијата им наложи на тужителите да ги обезбедат сведоците, но и оригиналниот транскрипт од изјавата на БогоеEски и го презакажа судењето за 25 мај. Претходно на 7 мај, во Њујорк, Богоески ќе присуствува на соопштувањето на пресудата за случајот против поранешни директори на „Маѓар телеком“ кои според Комисијата за хартии од вредност на Америка поткупувале македонски функционери во 2005 и 2006 година.
За изјавата на Богоески дека примиле мито од 2,5 милиони евра, Ахмети од Богоески бара отштета од 3 милиони денари, додека Џафери бара 2,5 милиони денари.
Извор: 24vesti.mk
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




