Ахмети нема да ги слуша „бомбите“ на Ел Чека
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2019 15:39
Во оваа држава има органи и ние побаравме да се отвори истрага, но не да се употребуваат и злоупотребуваат на црниот пазар прислушувани приватни разговори кои се продавале на Бит пазар, во Софија, Истанбул, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој денеска изјави дека ниту ги слушал, ниту има намера да ги слуша прислушуваните разговори што беа објавени на Фејсбук профилот Ел Чека. Ахмети во обраќањето на одбележувањето на 17-годишнината од основањето на ДУИ, кажа дека во државата има надлежни органи кои треба да спроведат истрага и да го расчистат случајот.
„Зошто не се објавуваат службени разговори на Али Ахмети? Зарем за 17 години јас немам службени разговори со ниту еден функционер? Но, не, не се објавуваат службени разговори. Но, и овие работи ќе поминат, затоа што луѓето не се занимаваат со бескорисни работи“, рече Ахмети.
Ахмети побара судските органи да не спроведуваат селективна правда, не само во овој случај, туку и во сите други случаи.
Минатата недела кичевецот кој е во Чикаго, под псевдонимот Ел Чека објави повеќе „бомби“ за функционери од ДУИ. Тој тврдеше дека ги добил од Кумановската група.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




