19 Декември, 2025
0.0522

Ахмети: Нема причина за вонредна ситуација, ова е политичка а не воена војна

Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 08:55

Добивај вести на Viber

Ова што се случува е политичка војна а не воена. Нема причина за прогласување на вонредна состојба, посочи лидерот на ДУИ во изјава за ТВ21 доцна синоќа.

„Ова се хипотетични ситуации и јас не сакам да бидам во улога на гатач овде. Нема ниту една причина Иванов да прогласи вонредна состојба. Ова е политичка војна, а не воена. Нема ниту најава за некој ризик. Сите граѓани треба да бидат мирни, и да придонесат во политичките партии за да не станат тие туѓи аргати затоа што некој сака на да ја запали оваа држава. Јас немам никаква грижа за тоа дали некој ќе прогласи вонредна состојба. Ова може да биде само шпекулација на некој неодговорен портал, но нема никаква причина ние да се плашиме“, одговори Ахмети.

По средбата со високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, Ахмти рече дека се разговарало  да се состави влада што е можно побрзо која ќе работи на спроведување на реформите.

„Како што побараа од ЕУ, исто и јас побарав од нив да помогнат во стабилизирањето на ситуацијата. По  средбите со политичките партии, Могерини се сретна и со претседателот на државата, за да и он ја повлече одлуката со која не му го даде мандатот на господинот Заев. Таа одлука и од нас, но и од госпоѓата Могерини беше проценета како забрзан чекор. Земјата има потреба што побрзо да се формираат институциите, и да се нормализира состојбата, ова се очекува од сите граѓани на Република Македонија.

Ахмети потенцира дека тој постојано алармирал да престане ова политичко препукнување помеѓу Албанците и Македонците .

„Заедничката политичка декларација на албанските партии е хармонизирана во Скопје. Цело време се обидував на целата јавност да ѝ објаснам дека таа декларација не е создадена во Тирана, туку во Александар Палас, со присуство на четирите политички партии со добра намера за да може да придонесеме во решавањето на проблемите со кои се соочува Република Македонија“, вели Ахмети.

То уште еднаш потенцира дека во таа платформа нема ништо со што се загрозува територијалниот интегритет на Република Македонија и не треба да се искористи од ниту една државна институција за да се скараат двете најголеми етнички групи во земјата, и што е најлошо да се предизвика судир помеѓу две соседни држави кои имаат добро заедничко минато, но и сакаат уште подобра иднина помеѓу Албанија, Косово и другите земји од регионот.


Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК