Ахмети решен дека правдата ќе го има последниот збор и ќе победи
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017 18:04
„Ахмети е решен дека правдата ќе го има последниот збор и ќе ги отстани сите тенденциозни, злонамерни сомнежи за неговиот лик и ДУИ, правдата треба да победи“, соопштуваат од партијата на ДУИ по денешната средба на Ахмети со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен.
Ахмети како што се наведува во соопштението на ДУИ, зборувал за кампања организирана против него и против ДУИ во последните две години и рекол дека дојде време вистината да излезе на виделина, за секое обвинување, за секоја клевета, за секоја неизвесност и за секоја дилема.
Тој нагласил дека сите членови на ДУИ, заедно со претседателството, ќе работат во насока на зајакнување на земјата и враќање на довербата на граѓаните во институциите на земјата.
„За нас ова не е борба за власт, но за да се зачува албанската национална вредност и за отстранување на сенката, којашто злонамерниците се обидуваат да ја фрлаат врз нас“, соопштија од ДУИ.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




