19 Декември, 2025
0.0505

АЈМО НАРОДЕ, ВЕРСАЧЕ, МАЈКЛ КОРС, ДОЛЧЕ ГАБАНА - Спречен обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 26 илјади евра

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2023 14:01

Добивај вести на Viber

Спречен е обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари или околу 26 илјади евра од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“ во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце. 

Брендираната стока за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти Царината.

„Облеката и обувките од познатите модни имиња меѓу кои и „Долче и Габана“ и „Версаче“ во вредност од околу 700 илјади денари се откриени од страна на царинските службеници и тоа во багажот на возач на автобус кој  сообраќал на редовна линија Дортмунд – Тетово.
Кога царинските службеници ги прашале патниците и возачот дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, тие одговориле дека немаат ништо за пријавување. При контрола на автобусот и багажот, возачот рекол дека има две торби со стара гардероба кои ги земал како пратка, при чиј преглед се пронајдени брендираните производи со прикачени цени“, информираат од Царинската управа.

Царинскитер власти дополнуваат и дека брендираните парчиња облека и обувки од марката „Најк“ во вредност од 921.341 денар се откриени од страна на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги при контрола на товарно моторно возило. Возилото е скенирано со мобилен скенер, при што со детална контрола во кабината на возачот на горниот и на долниот кревет, како и во просторот до возачот се пронајдени непријавените брендирани производи. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот