05 Декември, 2025
0.0371

АКЦИИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ СЕ ВРАТИЈА „ВО ИГРА“ - Европските берзи силно пораснаа

Објавено во: Финансии 14 Април, 2025 10:33

Добивај вести на Viber

На европските берзи утрово цените на акциите силно пораснаа, по минатонеделниот пад, при што е забележан раст на сите секторски индекси.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9 часот и 30 минути порасна за 1,7 отсто, надополнувајќи ги загубите од минатата недела.

Лондонски FTSE индекс утринава зајакна 1,55 отсто, на 8.087 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,98 отсто, на 20.777 поени, а париски CAC за 1,87 отсто, на 7.237 поени.

Истовремено, цените на акциите поскапеа во сите најважни сектори, а најмногу во нафтата во просек за 2,6 отсто, финансискиот за 2,5 отсто и технологијата за 2,3 отсто.

Со оглед на тоа што нема поважни вести, главно се работи за корекција на цените на акциите, по остриот пад во изминатите две недели.

Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции порасна за 1,6 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела загуби четири отсто.

Јапонскиот индекс Никеи утрово порасна за 1,9 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,9 и 2,2 отсто, пренесе Хина.

Цените на акциите на технолошките компании пораснаа

Во исто време најмногу пораснаа цените на акциите на технолошките компании, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп досега ослободи 20 технолошки производи од царина за увоз од Кина.

Сепак, тоа ќе биде краткотрајно бидејќи Белата куќа нареди овие електронски уреди да се префрлаат само во друга тарифна категорија. Оваа недела ќе бидат објавени тарифите за полупроводниците, а наскоро и за паметните телефони.

Воведувањето и одложувањето на царините ги збунуваат инвеститорите и раководството, што, велат аналитичарите, лошо ќе се одрази на економијата.

„Основната тарифа од 10 отсто за целиот увоз е веќе многу висока, а вкупните царини за увоз од Кина од 145 отсто се засилени. Не можете да ја запрете трговијата меѓу двете најголеми светски економии и да не очекувате штета. Проценуваме дека можноста за рецесија во САД и светот е 60 отсто“, рече Брус Касман, директор на банката во JPMorgan.

Американските фјучерси индекси денеска најавуваат и значително зголемување на цените на акциите на Волстрит.

Извор: Алџезеира.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката