Акција „Хуманоста е важна“ на Бимилк и Тинекс
Објавено во: Мои пари 28 Март, 2014 18:30
„Овој третман е комплексен и во себе содржи повеќе сегменти: дневно и интернатско згрижување, воспитание, образование, работно оспособување, работно ангажирање, здравствена заштита, како и културно–забавен и спортско–рекреативен живот на нашите корисници. За таа цел една од приоритетните активности во изминатиот период е обезбедување на средства за опремување на просториите каде престојуваат овие лица со соодветен мебел, компјутери и останати неопходни материјали“, истакна м-р Анета Стефановска – помошник директор на Заводот.
Во пресрет на потребите на Заводот излегоа компаниите Млекара АД Битола и Тинекс, кои преку акцијата „Хуманоста е важна“ заедно со граѓаните на нашата држава овозможија со секое купено Бимилк млеко да се обезбедат средства во вкупен износ од 150.000 денари.
Денеска во Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ – Скопје беа врачени 3 лаптоп компјутери, 4 печатачи, 5 радио и цеде плеери во вредност од 75000 денари, додека во Битола во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ во истиот износ ќе се доделат– 80 јоргани и 80 постелнини.
“Техничките средства, односно техничките помагала кои ги дониравме се повеќе од потребни за оваа институција и посакуваме истите да им помогнат на децата и младите во нивниот социјален и едукативен развој“, истакна главниот бренд директор на Тинекс Цветанка Христовска.
„Континуираната општествено одговорност е основа на нашето делување и постоење, оттука ова е веќе 4-та по ред акција на Бимилк за последните 4 месеци. „Хуманоста е важна“, докажа дека за кратко време од еден месец, граѓаните одговорија на нашиот повик и со секое купено Бимилк млеко придонесоа да се реализира помошта за децата и младите со посебни потреби. Денеска таа беше доделена во Скопје во Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“, а во понеделник ќе биде доделена во Битола во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“, изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




