Акција за поплавените - каде и што треба да донирате?
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2016
Хуманитарна акција за помош на поплавените домаќинства од 6 август, денеска организира градската организација на СДСМ Скопје.
Под мотото „Хумано Скопје подава рака“, акцијата ќе се реализира на три пункта во општина Аеродром и во општина Кисела Вода, од 10 до 12 часот.
Ќе се собираат исправни електрични апарати за домаќинство и облека за граѓаните од погодените подрачја во скопско. Донациите ќе ги собираат младите членови на партијата (СДММ).
Пунктови во Аеродром се: Паркинг на Неоком – Железничка станица; Паркинг на ОУ „Љубен Лапе“ и Последна автобуска станица на бр. 5 во населба Ново Лисиче.
Пунктови во Кисела Вода се: Парк спроти Општина Кисела Вода; Парк спроти Расадник – кино Кисела Вода и Паркинг пред поштата во населба Драчево.
Оваа акција е со цел да им се помогне на погодените семејства што побрзо да продолжат со нормален живот.