15 Јануари, 2025
0.1532

„АКО ИМА ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ ЌЕ ГО ОДЛОЖИМЕ“: премиерот за Законот за нефер практики

Објавено во: Економија 05 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Примената на Законот за забрана на нефер трговски парктики би можел да се одложи доколку има објективни причини, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски и нагласи дека важно е примената да биде како што треба. 

- Доколку постојат објективни пречки или причини да треба да се одложи за некоја недела не е тоа голем проблем, ќе ја донесеме одлуката да се одложи само да биде имплементирано како што треба. Ова е закон донесен од претходната Влада. Ако објективно неможе да се примени нема со сила нешто да правиме, ако навистина нема можности така ќе постапиме - изјави денеска Мицкоски, на новинарско прашање за писмото што му го упатил претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески дека е краток периодот за прилагодување кон новото законско решение.

Мицкоски напомена дека го нема добиено писмото, но оти ќе го прочита со големо внимание откако ќе го добие и ќе ја искоментира содржината.

Како што нагласи, нефер трговските практики треба да престанат.

- Ако мислите на оние појави што се случуваат кај трговските ланци кои продаваат производи без разлика дали се од македонско или од увозно производство, па за привилегирана местоположа на рафтовите наплаќаат одредена цена и се согласувам  дека тоа претставува нефер трговска практика. Таа нефер трговска практика треба да престане. Не можеме едни производи да ги ставаме на крај, а други кои ќе платат повеќе да ги ставиме во центарот и на тој начин да бидат привилегирани и да се зголеми и цената на производот - рече Мицкоски.

Истакна дека Владата има одлична комуникација со стопанските комори и најави дека ќе има средба со сите во следниот период за финансиската поддршка за стопанството што ќе следува и за натамошно градење партнерски однос. 

- Полека но сигурно оние развојни половина милијарда евра што се земени како кредит под исклучително ниски каматни стапки ќе бидат ставени на располагање на стопанството преку комерцијалните банки. Сакаме да градиме партнерски однос со бизнис заедницата - рече Мицкоски, на прес-конференција во Владата за повикот за користење буџетски средства за инфраструктурни проекти во општините. 

Законот за забрана на нефер трговски практики беше изгласан на 13 март годинава, а при крај е шестмесечниот период за прилагодување и старт на примената. 

Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики. 

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина