Ако има војна овие пет држави би пружиле најефикасен отпор
Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2015 18:44
Во време кога војните се дел од светот и се почести, но во моментот кога се тврди дека светот би влегол во Друга студена војна, а неретко се споменува и можен широк конфликт на Западот со Русија, се поставува прашањето кои држави најефикасно би можеле да се одбранат од инвазијата.
Британски Индепендент за одговорите посегнал на страницата на Quor, на која корисниците поставуваат и одговараат едни на други прашања и испливаа следните неколку држави, што никако не значи дека нема и други кои би требало да се најдат на оваа листа, туку е исклучиво збор за претежен став на корисниците на наведената страница.
Швајцарија
Фактот дека је опкружена со планински ланци оваа земја со векови била од голема корист во спречување на раздор однадвор. Нејзината народна доктрина е на сила од 19 век, а се темели на Алпите како одбрамбен ѕид. Во согласност со оваа доктрина, на дел од алпските региони се направени бројни потврди, кои биле во функција и после Втората светска војна, кога опасноста од советската инвазија била реална.
Швајцарската војска ги поврза сите клучни сообраќајници, мостови и друга инфраструктура на начин да може да ги подигне во воздух, во случај на надворешен продор, што непријателот би го натерал на трошење на енормна енергија во барање на адекватен премин. Додатно во планините се изградени бројни тунели, бункери и тврдини во кои може да престојуваат цели бројни дивизии, што би претставувало додатни тешкотии и изненадување за непријателските сили.
Иако Швајцарија има околу 15 000 луѓе активни во составот на војската, во случај на инвазија, војската веднаш на располагање има четири милиони борбено подготвени граѓани.
Нов Зеланд
Оваа држава од Австралија е оддалечена околу 1600 км, што е најблиску до големо копно, додека на пример Азија уште понатаму.
Подготовка на инвазија на Нов Зеланд би претставувало логистички ноќен кошмар на која било сила.
Австралија
Историјата покажа дека Русија е една од најтешките задачи на странците кои наумиле да ја освојат. Најочигледна причина е нејзината голема територија што за било кој освојувач претставува логистички зафат од практични можни размери.
Понатму, тука се и климатските услови кои во различни длеови на Русија се дијаметрално спротивини , а не треба да се занемари ни разноликоста на релјефното обележје - од високи планини до непрегледни рамници, мочуришта, езера и реки...
Клучна препрека се самите Руси, познати по прилично ефектните борбени тактики...
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




