16 Јуни, 2025
0.0266

АКО НАЈДЕТЕ ПАРИ ИЛИ НЕПРИЈАВЕН ИМОТ НА МОЕ ИМЕ, ЌЕ ГИ ДОНИРАМ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИЦКО И ФАМИЛИЈАТА, ДА ГО ПРОШЕТААТ СВЕТОТ НА НАШ ТРОШОК: Петровска за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2024 06:30

Добивај вести на Viber

ДПМНЕ побрзо да се опаметат, држава водат, а не гранапче.Фатени во скандали за само 20 дена власт на локално ниво, пола Македонија изгоре заради нивните неспособни градоначалници упорно се обидуваат да ме замолчат за прашањата на кои одговор чека македонската јавност и тоа со повторување на една иста лага од Центарот за манипулации и дезинформации на ДПМНЕ, вели екс министерката за одбрана, Славјанка Петровска, како одгово на обвинувањата на владејачката партија дека поседува непријавен имот и пари.
Барате одговор, еве ви: Немам хациенда и никогаш не сум поседувала, не кријам имот, ниту пари. Сум имала тежок период во животот со семејни трагедии и финансиски загуби, во време на режимот на ДПМНЕ, ама не ме уништивте ни тогаш, а нема ни сега.

Наместо да праќате соопштенија и да ја тормозите јавноста, обратете се до МВРО, Финансова полиција, Јавното обвинителство, Управа за финансиско разузнавање и Агенцијата за катастар на недвижности. Сите овие институции се под ваша команда, нека отворат истрага и нека најдат непријавен имот или пари на мое име. Ако најдат ќе ги донирам за потребите на Мицко и фамилијата, да го прошетаат светот на наш трошок.

А во меѓувреме јавноста уште чека одговор за:

1. По кој критериум синчето на Мицко се најде во владината делегација за Америка?

2. Зошто за помошник министер во МВР е поставено лице со активна кривична пријава?

3. Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена, со несоодветно работно искуство?

4. Зошто за директор на Управата за извршување на санкции поставите лице со несоодведно искуство? За да може да го прикрива бегството на осудените од 27ми април?

5. Дали финансискиот пакет со Унгарија е билет за враќање на Груевски во Македонија?

6. Дали сте свесни дека со упадот кој го правите во безбедносните служби со поставувње на несоодветен кадар, кои се послушници на подземјето на ДПМНЕ ја загрозувате позицијата на Македонија како НАТО членка?

Одговори, не лаги...Македонија чека...“



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!