25 Април, 2025
0.0365

Граѓаните задоволни – Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на сите правни дејствија поврзани со контроверзниот член 368 од Законот за облигациони односи

Објавено во: Економија 18 Јули, 2024 12:37

Добивај вести на Viber

Одлуката на Уставниот суд за поведување на иницијатива за оценување на уставноста на членот 2 и членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи, е официјално објавена во Службен весник. Имено, измените се однесуваат на членот 368, каде се предвидува застарување на долгови или побарувања постари од 10 години и истите се отпишуваат. Објавена е и времената мерка со која се запира било какво постапување по овие членови, сѐ додека Уставниот суд не ја заврши постапката за оценување на уставноста. Контроверзниот член предизвика низа реакции во јавноста, помеѓу стручната фела, граѓаните и деловната јавност. Реакциите се однесуваа исклучиво за овој член од законот, со кој се предвидува отпис на долговите постари од 10 години, а не за отпис на каматите, како што се шпекулираше во јавноста. Поднесените иницијативи се однесуваат исклучиво за преиспитување на отписот на долговите, додека измените кај намалувањето на каматите остануваат на сила.

Граѓаните кои долг временски период стравуваа дека не ќе можат да ги наплатат своите побарувања, сега може да здивнат. Уставниот суд им даде надеж дека сепак нивните побарувања нема да пропаднат и дека нивното право на сопственост, што е загарантирано со  Уставот, нема да биде нарушено. Имено, адвокатските канцеларии се преполни со предмети на граѓани кои се обидуваат да ги наплатат своите побарувања со години. Според адвокатите, најчесто се работи за ранливи групи кои имаат побарувања по различни основи, како на пример, алиментација, наплата на надомест за издршка на дете, побарувања од остварување на надомест од несреќен случај, при услови кога настапува смрт, телесна повреда или оштетување на здравјето, а проблематичен аспект се и постапките за исплата на плата и други надоместоци од работен однос.

И стручната јавност смета дека Уставниот суд покажа силен интегритет и отвореност да анализира и оценува иницијативи за деликатни законски решенија од повеќе аспекти и коментираат дека времената мерка и запирањето на примената на овој член им дава насоки како да постапуваат во периодот до конечната одлука по овие иницијативи.

Уставниот суд одлучуваше по иницијативите поднесени од адвокатот Љупчо Кузмановски и иницијативата поднесена од Предраг Баришиќ.

„Поаѓајќи од фактот дека Уставот е највисок правен акт и дека сите закони, подзаконски акти и пишани правила треба да бидат во согласност со Уставот, подносителот на оваа иницијатива смета дека потребно е оценка на уставноста на членот 2 од изменувањата и дополнувањата на Законот за облигационите односи“, се вели во иницијативата поднесена од адвокатот Љупчо Кузмановски.

За штетните последици од овој член од Законот за облигациони односи реагираа и Стопанската комора и Адвокатската комора на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници

Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра