19 Јули, 2024
0.0275

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Штетата што ќе ја претрпи планината Серта од пожарите е епохална за неа

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Будно се следи состојбата, има доволно ресурси, доволно луѓе на терен и се надевам дека во текот на денот ќе се стави под контрола пожарот на планината Серта во штипскиот дел, вели заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Кирил Михаилов кој претпладнево беше во селото Селце. Посочува дека за овој пожар лошо е што во моментов има ветер.

-Лошото е тоа што еве гледате има ветер. Тоа е навистина лош момент. И како што кажа градоначалникот пожарот е непредвидлив и може се да се очекува, меѓутоа  затоа сме тука. Во однос на другото во моментов имаме преку десет активни пожари на цела територија на Република Македонија. Пред малку зборев со градоначалникот на општина Ново село, таму е еден поголем пожар којшто во моментов 95  отсто е ставен под контрола има уште тука-таму некои критични места коишто во моментов ги завршуваат. Битола, исто така се работи - вели Михаилов.

Забележа дека најдобрата вест е тоа што во текот на вчерашниот ден заврна на две локации на планината Серта во неготинскиот дел и какошто вели едниот крак пред село Калањево е завршен со помош на екипите коишто биле таму и дождот.

-Исто така, добив информација дека утрово Криволак жариштето е санирано донекаде. Екипите се на терен, ги завршуваат остатоците, затоа што жешкото време може повторно да го покрене пожарот и да имаме несогледливи последици како изминативе денови. Будно ќе ја следиме ситуацијата. Нашите луѓе од „Македонски шуми“ и покрај тоа што се без здравствено осигурување, се трудиме да го надминеме тој проблем од причина што ние сме како ново раководство десетина дена таму, а се соочивме со невидена дупка, буквално луѓето ни беа оставени на влечки да гасат. Тоа е реалноста со која се соочивме. Но лека полека ја надминуваме - рече Михаилов.

Прашан како луѓето од ЈП „Македонски шуми“ се оставени без заштитни униформи и буквално како што рече тој гасат по влечки, Михаилов вели дека изминатите години ништо не е инвестирано.

- Значи тоа што го имаме нели сега условно кажано по влечки, е земено поодамна во периодот неколку години наназад, нема некои посебни инвестиции во делот на заштитата, во делот на опрема на луѓето и тоа е навистина нешто коешто е проблем. Еве конкретно се соочуваме со еден огромен проблем којшто ја тишти Македонија десетина дена, а за жал нашиве луѓе се на првиот бран од оваа приказна такви какви што се - вели Михаилов.

Прашан за првичните проценки за штетите на шумите, Михаилов вели дека не можат да се направат бидејќи се уште има активни пожари на терен. Но, како што вели овие штети се ненадоместливи.

-Штетата која што ќе ја претрпи планината Серта е епохална за неа. Јас мислам дека ќе треба еден век да се поврати ова што е изгорено. Ова е катастрофа. Буквално Серта ни отиде цела. И ова ќе има несогледливи последици во однос на климата во Штип и околните населени места - изјави Михаилов.

Посочи дека како ЈП „Македонски шуми“ во наредниот период мора да работат на пошумување на планината Серта, но и на другите планини во земјава, каде има пожари.

-За жал, ние ќе мора во наредниот период брзо да делуваме, со одредени механизми, со одредени проекти во делот на повторно пошумување, во делот на повторно подигање на зелената маса овде со дрвни видови кои се автохтони, за да може што побрзо да тргнат и едноставно да го вратиме зелениот сјај што го имаше оваа прекрасна планина - рече Михаилов.

Инаку, во штипскиот дел на планината Серта гори над селата Селце и Пухче, каде се дејствува и од земја и утринава и од воздух. Со гардежни машини се прават пресеци низ планината за да се спречи ширење на огнот кон селата.


Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦАТА ВО КУМАНОВО: сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦАТА ВО КУМАНОВО: сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

„Работниците во Македонски шуми гаснат пожари, буквално, по влечки!“: Левица со остра реакција за состојбата со пожарите

„Работниците во Македонски шуми гаснат пожари, буквално, по влечки!“: Левица со остра реакција за состојбата со пожарите

НОВА ПОДДРШКА: Прогласот за семакедонско обединување го потпиша и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа

НОВА ПОДДРШКА: Прогласот за семакедонско обединување го потпиша и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа

АПАНАЖА ЗА БЕСИМИ, БЕКТЕШИ И ЛОГА - закупнина за стан за четворица пратеници, како и плата до пензија, еве ги деталите

АПАНАЖА ЗА БЕСИМИ, БЕКТЕШИ И ЛОГА - закупнина за стан за четворица пратеници, како и плата до пензија, еве ги деталите

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ДЕБАР: град, громови, поплавени улици и одрони на патиштата

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ДЕБАР: град, громови, поплавени улици и одрони на патиштата

„Ветрот го сменил правецот и се нашол среде оган“: повредениот Златко правел противпожарен појас за огнот да не дојде до Сираково

„Ветрот го сменил правецот и се нашол среде оган“: повредениот Златко правел противпожарен појас за огнот да не дојде до Сираково

ЧЕТВОРИЦА ОХРИЃАНИ ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - прво се тепале во кафана, па ги нападнале полицајците

ЧЕТВОРИЦА ОХРИЃАНИ ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - прво се тепале во кафана, па ги нападнале полицајците

„Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин“: ТАВ Македонија без откажани летови

„Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин“: ТАВ Македонија без откажани летови

МНР: Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа кај Палојце во Србија

МНР: Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа кај Палојце во Србија