19 Јули, 2024
0.0262

„ДЕНЕС НЕ НИ РАЗМИСЛУВАМ ДА ГО ПРОДАДАМ TIME.MK, ИНТЕРЕСНО МИ Е, САКАМ СО ТОА ДА СЕ ЗАНИМАВАМ“ - Игор Трајковски во Бизнис муабети на Фактор

Објавено во: Економија 18 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Игор Трајковски е основач и администратор на убедливо најпопуларниот агрегатор на вести на интернет просторот, Time.mk. Почетоци, развој на бизнисот, понуди за купување, зошто сака баш токму тоа да го работи.

Утре, почитувани читатели, ќе ви ги откриеме сите детали, во најновиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор, каде гостин е Трајковски. 

Засега ќе пренесеме само дел од разговорот. 

„Во однос на буџетот за рекламирање, ако земеме колку оди на онлајн, по сите можни канали, дали веб, социјални мрежи или слично, наспроти традиционалните, како што се телевизија, печат, радио, го надмина уште пред неколку години, дали 2016, 2014... Значи, буџетот за рекламирање оди повеќе онлајн отколку преку класичните медиуми“, открива Трајковски една интересна констатција околу оваа индустрија.


Своевремено, пред повеќе години, до него стигнале понуди да се купи Time.mk. 

„Искрено, јас тогаш не знаев како да ја проценам вредноста на Time.mk, па сурфав, барав, гледав, прашував по луѓе како да ја проценам вредноста, како се оценува колку вреди сајт...“, вели Трајковски, на што нашиот водител, Мишко Иванов, возвраќа со звборовите „ако сакаш да го продадеш, ќе кажеш цена, ако не сакаш да го продадеш, нема да кажеш“...

Трајјковски, пак, вели „Да, но тоа би било твоја личлна проценка, но добро е да има некоја методологија за проценка, да не е извлечено од ракав. Бидејќи, јас работам систематски, а не од стомак. Тогаш некои велеа, а не знам ни како дошле до тоа, две евра од monthly unique user. Тоа значи колку јузери ти доаѓаат на сајтот во еден месец, колку имаш такви јуник што доаѓаат, по две евра.

И колку излезе сумата?

И излезе, тогаш имавме 170 илјади, по две, тоа беше 340 илјади евра. 

Иванов реагира дека станува збор за навистина мала сума, и вели дека малку претерале со потценувањето, а Трајковски објаснува „И така понудивме и не сакаа, веројатно им беше скапо“.

На прашањето денеска на колку го цени поткастот, Трајковски вели: 

„Искрено, не сум, размислувал, супер ни оди. Се уште ми е интересно да се занимавам со оваа работа. Супер ни оди, се уште ми е интересно, се уште има простор за подобрување на алгоритмите.... Има многу интересни проблеми со кои сакам да се занимавам. Едноставно, не знам што би правел ако го продадам. Немам некоја друга којзнае каква идеја, па дека ова ми троши време ...

Правев и една друга евалуација - таа беше осум пати од годишниот профит. На пример ако во една година правиш 100 илјади евра профит, вредноста на сајтот би била 800.000 евра.

Сега веќе овој агрегатор има еден милион прегледи дневно. 


Можеби ќе ве интересира

ПРВОТО РОЧИШТЕ ЌЕ БИДЕ НА 8 ОКТОМВРИ - отворен е стечајот на „Вартекс“, доспеаните кредити се над 16 милиони евра

ПРВОТО РОЧИШТЕ ЌЕ БИДЕ НА 8 ОКТОМВРИ - отворен е стечајот на „Вартекс“, доспеаните кредити се над 16 милиони евра

Србија ѝ го даде литиумот на Германија, Вучиќ: Немаме море и гас, ова ќе донесе 6 милијарди евра

Србија ѝ го даде литиумот на Германија, Вучиќ: Немаме море и гас, ова ќе донесе 6 милијарди евра

Централата ТЕ-ТО исклучена поради невремето

Централата ТЕ-ТО исклучена поради невремето

ДОБИ ПРИЛИЧНО СОЛИДНИ ПАРИ, НО ПРАШАЊЕТО Е ЗОШТО ПРОДАВА - “Настел“ се сведе на 9,1 отсто акции во „Реплек“

ДОБИ ПРИЛИЧНО СОЛИДНИ ПАРИ, НО ПРАШАЊЕТО Е ЗОШТО ПРОДАВА - “Настел“ се сведе на 9,1 отсто акции во „Реплек“

„САМО ДО 2028, НИЕ ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 1,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПО ОСНОВ НА КАМАТИ“: Левица за финансиската состојба во земјава

„САМО ДО 2028, НИЕ ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 1,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПО ОСНОВ НА КАМАТИ“: Левица за финансиската состојба во земјава

СИТНИ АКЦИОНЕРИ ПРОДАВААТ, ШВАЈЦАРСКИ „ДУФЕРКО“ КУПУВА - големиот странски сопственик ги зајакнува позициите во „Макстил“

СИТНИ АКЦИОНЕРИ ПРОДАВААТ, ШВАЈЦАРСКИ „ДУФЕРКО“ КУПУВА - големиот странски сопственик ги зајакнува позициите во „Макстил“

НЕВЕРОЈАТНО: Во Агенцијата за вработување останале непотрошени 42 милиони евра

НЕВЕРОЈАТНО: Во Агенцијата за вработување останале непотрошени 42 милиони евра

Божиновска на Самитот на шефовите на држави и влади на членките на Европската политичка заедница

Божиновска на Самитот на шефовите на држави и влади на членките на Европската политичка заедница

Николоски: Исплатена платата за вработените од МЖ Транспорт, МЖ Инфраструктура и „Пошта“

Николоски: Исплатена платата за вработените од МЖ Транспорт, МЖ Инфраструктура и „Пошта“