СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ДЕБАР: град, громови, поплавени улици и одрони на патиштата
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2024 17:43
Попладнево Дебарско го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења.
Улиците беа преполни со вода, има паднати гранки од неколку дрвја, но за среќа штетите кај земјоделските посеви, според надлежните, се незначителни, поради малиот обем на зрната град.
- Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени подрумски простории но граѓаните вообичаено не пријавуваат - изјави Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК- Дебар.
Поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот дебарски регион, порачуваат од секцијата на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта. вт/дма/
Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Koлку се чека на Табановце и на Богородица?

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави

ЗА 11 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОСТАПКАТА Е ЗАПРЕНА: Меѓу нив е и Панчо од ДНК

ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува северен ветер до 60 километри на час
