06 Декември, 2025
0.0290

„АКО НЕ ГИ НАЈДЕМЕ - ЗАТВОРАМЕ“ Во Германија се бараат овие работници: „За викенди сите сакаат да се опуштат“

Објавено во: Финансии, Свет 07 Април, 2024 13:00

Добивај вести на Viber

Недостигот од квалификувана работна сила во Германија може да се забележи во многу области. Рестораните не можат да најдат готвачи, болниците немаат лекари и медицински сестри, градежниците доцнат без мајстор - а базените нема да можат да работат без спасувачи.

Сезоната на отворен базен започнува за само неколку недели, а управите како и пред претходните неколку сезони очајнички бараат спасители и инструктори по пливање. Имено, без нив базените не можат да примаат гости и ќе останат затворени додека не го решат проблемот.

Ова веќе се случи, и токму поради тоа Здружението на спортови на граѓаните на Дуизбург започна кампања за „спасување на базенот“.

„Недостигот од персонал во индустријата е очигледен. Едноставно нема доволно луѓе на пазарот“, рече Марк Ридсхајм од менаџментот на здружението.

Операторите на базените во градот отворија постојан конкурс со минимални барања: Кандидатите не треба да закажуваат термин, можат да се појават во секое време и треба да понесат само костим за капење.

И другите германски градови се обидуваат да ги избегнат затворените базени. Во Есен, на пример, операторите активно бараат спасувачи во пливачките клубови.

„Се вклучивме во жестока борба за работниците“, рече Франк Ахзен од градскиот огранок на Германското здружение на оператори на базени и бањи.

Повеќето месни заедници ќе го затворат конкурсот за спасувачи и инструктори во следните неколку недели. Тогаш ќе биде јасно колкав е точниот дефицит за отворањето на летната сезона.

Покрај спасувачите, Германија има недостиг од 2.000 до 3.500 други работници во базенот, вклучувајќи го и техничкиот персонал кој се грижи за квалитетот на водата, на пример.

Инаку, во земјава има околу 6.500 затворени и отворени базени. Во изминатите три години, многумина доцна отворија и го скратија работното време, а некои целосно ги затворија вратите за јавноста.

„Тоа сигурно ќе го има и оваа година“, изјави портпаролот на националното здружение за спасувачи, Мартин Холхауз.

Додека тој очекува некои од потребните работници некако да се појават во наредните недели и месеци за барем привремено решение овде-онде, Холшауз предупреди дека „потребата на базенот за квалификувана работна сила не може да се реши денес за утре“.

Претседателот на Здружението на германски инструктори по пливање, Петер Хархајм, проблемот воопшто го гледа во самото општество.

„Сите сакаат да излегуваат за викенд, да се релаксираат и да уживаат во благосостојба, но ретко кој сака да работи за викенд и да придонесе за таква понуда“, рече тој. „Тоа не може да го решиме само ние од гранката.

Курир.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката