Ако не се смири состојбата ќе има рестрикции, најави Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Октомври, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва во вестите на Канал 5 изјави дека ако бројките на заразени растат, ќе има рестрикции.
Ќе следи ограничување на работни часови на угостителски објекти, и други субјекти, јавен превоз, но и ограничување на движење.
Филипче рече дека оние земји кои немале рестрикции сега се соочуваат со многу заразени и оптоварување на здравствениот систем.
За тоа што опозицијата ги критикува мерките, кажа дека тоа само покажува дека не се конструктивни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.