АКО ОДИТЕ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА, ВНИМАВАЈТЕ НА ГРАНИЦА: Еве што смете а што не смеете да носите во багажот

Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2023 07:39
Иако Грците ретко отвораат куфери и ги изнесуваат работите на граничните премини, треба претходно да знаете кои се законските ограничувања за државјаните на земјите кои не се членки на ЕУ кои влегуваат во Грција по копнен или воздушен пат. Ако одите по копно, во оваа земја можете да внесете 40 цигари (2 кутии) или 20 цигарилоси или 50 грама тутун. Казната за непочитување на ова правило е 500 евра.
Ако одите на одмор во Грција со авион, дозволено е да носите 200 цигари, 100 цигарилоси, 50 пури и 250 грама тутун.
Лица помлади од 18 години не смеат да превезуваат тутун.
Бидејќи цените на тутунските производи во Македонија се менуваат, но и покрај тоа, цената на една кутија цигари е поевтина отколку во Грција. Најевтината кутија кај нив е 5 евра, а поквалитетните марки се од 6 евра па нагоре. Просечната цена на една кутија цигари во Македонија е околу 120 денари.
Колку алкохол можете да внесете преку грчката граница?
Што се однесува до алкохолните пијалоци, преку грчката граница може да се превезат еден литар жесток пијалок над 22 отсто алкохол или два литри жестоки пијалоци од 22 отсто или помалку и два литра вино и два литра трпезно вино.
Лица помлади од 18 години не смеат да превезуваат алкохолни пијалоци.
Може да се транспортираат 50 грама парфем и 250 милилитри колонска вода.
Колку пари можете да префрлите преку грчката граница?
Дозволено е внесување до 10.000 евра во готовина (или еквивалентна сума на пари во друга валута). Мора да се пријават суми над 10.000 евра во кеш. Доколку не пријавите дека имате поголема сума од дозволената, во тој момент ќе ви бидат одземени парите и ќе ви биде поднесена прекршочна пријава.
Количината на пари што ја имате на платежните картички не е ограничена.
Патниците кои избрале авионски превоз можат да донесат подароци во вредност од 175 евра по лице и 90 евра доколку лицето е под 15 години.
Каква храна можете да носите преку грчката граница?
Според законите на Европската унија, млекото, месото и производите направени од нив не смеат да се пренесуваат преку границата на земјите кои не се членки.
Според податоците на Царинската управа, дозволен е превоз до пет килограми свежо овошје и зеленчук, освен компир. Потоа, два килограми бебешко млеко во прав или детска храна или храна за посебни потреби.
Дозволена е храна за домашни миленици во количина од 2 килограми.
Се толерира доколку во багажот се најдат леб, колачи, бисквити, чоколадо, мајонез, кечап, макарони, ориз и слично, доколку нивната вкупна вредност не надминува 300 евра по патник. За деца под 15 години, ограничувачкиот износ е 150 евра.
Колкаво количество лекови смеете да пренесете преку грчката граница?
Дозволено е префрлање во толкава количина што е потребна за ваша лична употреба. За тоа потребно е да имате лекарско уверение или негова копија или некоја друга официјална потврда дека лековите се наменети за вас. Доколку царинскиот службеник го побара тоа, потребно е да се приложат такви документи за проверка.
Можеби ќе ве интересира
АВСТРИЈА ГИ ЗГОЛЕМУВА ДЕТСКИОТ ДОДАТОК, СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ - еве какви промени најавуваат

КОГА НЕКОЈА БАНКА ЌЕ „ЗАЧКРИПИ“, ЌЕ ИМА ФОНД ЗА РЕШАВАЊЕ, А ЌЕ ГО ФИНАНСИРААТ САМИТЕ БАНКИ - надлежен орган ќе биде Народната банка, еве кога стартува новата регулатива

САМО ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ВЛОЖЕНИ НАД 320 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДВИЖНИНИ: се купувало со засилено темпо, забележан е раст од 16 проценти

НАЈНОВО РАНГИРАЊЕ, КОЛКУ ТЕЖАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ - се „шушка“ за можни купопродажни зделки, кој е во игра?

ВО ОВОЈ РЕГИОН ЌЕ ВИ ПЛАТАТ САМО ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Даваат пари и за реновирање на домот, може да добиете и до 100.000 евра

СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА НАЈБОГАТИОТ ГЕРМАНЕЦ? Неговата компанија крие темно минато

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР - Николетопулос останува сѐ додека новиот прв човек не ги добие сите потребни согласности

ЛУЃЕТО САКААТ ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, СУМАТА СЕ БЛИЖИ ДО ТРИ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - каде и како решивте да ги вложите вашите слободни пари

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ, КОМЕСАР ДА БИДАМ: Земаат околу 28.000 евра плата, ама во споредба со платата на Фон дер Лајен тоа не е ништо
