Ако планирате да летувате кај нив, оваа земја за 100 дена ќе има колективен имунитет
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Мај, 2021
Атрактивната Шпанија, земја која многумина ја посакуваат како дестинација за одмор за стотина дена ќе има колективен имунитет.
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Шпанија е на 100 дена од стекнувањето на колективен имунитет. Вели дека 70 проценти од шпанските граѓани ќе бидат вакцинирани до 18 август, што е доволно за да се добие колективен имунитет, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис”.
Досега се потрошени 19 милиони дози вакцини. Во земјата 28 проценти од населението примиле барем една доза од вакцината, а шест проценти ја примиле и втората доза.
Со забави по улиците во сите поголеми градови, Шпанците го прославија крајот на вонредната состојба и укинувањето на полицискиот час, кој беше на сила шест мессеци. Во Шпанија од коронавирусот починаа скоро 79.000 луѓе.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.