27 Април, 2024
0.0299

AКО ПЛАНИРАТЕ ДА ЗАМИНЕТЕ: Ова се најскапите држави за живот во 2017!

Објавено во: Финансии 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Каде во светот издршката на живот е највисока? Одговор на ова прашање дава ново истражување на компанијата „MoveHub“, која им помага на луѓе кои цврсто одлучиле да живеел надвор од својата земја.

При составувањето на листата се користат индикатори за разни трошоци како овие намирници, транспорт, кирии и домување, посета на ресторан.

Потоа податоците се подредени во индекс, а за репер во него е земен Њујорк - еден од најскапите градови во светот. Њујорк добива во индексот 100 поени, па државите се подредени во однос на трошоците за живот во американската метрополитска област.

Видете кои земји спаѓаат во Топ 15 по скап живот:

15. САД - 58,59 поени

Њујорк може и да е репер за рангирање, но генерално животот во САД е значително поевтин, особено во помалите населени места, за разлика од мегаобласти како Њујорк и Лос Анџелес.

14. Ирска - 59,56 поени

По гласањето за излегување на Британија од ЕУ, барањата од Британци за ирско државјанство значително се зголемуваат. Ова преместување сепак ќе ги чини поскапо бидејќи Британија е под број 29 во листата со 51,03 поени.

13. Данска - 60,01 поени

Данците се со највисока лична задолженост меѓу Европејците, со средно ниво на задолженост на домаќинствата од 265% во однос на нивните приходи, според податоците на Еуростат. И тоа не е изненадување поради високиот стандард и соодветно високите трошоци за живот.

12. Австралија - 62,39 поени

Многу голем дел од стоките во земјата се од увоз, што дава резултат во високите трошоци за живот.

11. Американски Девствени Острови - 62,56 поени

Егзотичните острови може и да се прекрасно место за живот, но и многу скапо.

10. Луксембург - 64,18 поени

Земјата често е на врвот на топ листите за најбогати нации што респективно значи и повисоки трошоци за живот.

9. Катар - 68,06 поени

Земјата е популарна за работа за странски државјани, приходите се високи, но голем дел од нив одат за трошоците за живот.

8. Обединети Арапски Емирати - 68,93 поени

Да, тоа е финансиски рај во пустината, но животот во Дубаи и Абу Даби воопшто не е евтин.

7. Бахамите - 73,63 поени

Карипската држава има типични проблеми за островска земја - стоките доаѓаат однадвор и увозот значително го надминува извозот, што се одразува и на трошоците за живот.

6. Норвешка - 74,47 поени

Скандинавските држави секогаш се во првите места по висок стандард на живот, што се одразува и во високи трошоци. Норвешка не само што не е исклучок, но е прва меѓу нордиските земји во тоа ниво.

5. Сингапур - 76,57 поени

Сингапур е првак во многу листи за бизнис, стандард на живот и работа за странски специјалисти. Да, тоа има своја цена.

4. Исланд - 80,47 долари

Одвоена географски, земјата има силен увоз и тоа ги поскапува стоките.

3. Хонгконг - 81,93 поени

Како финансиски центар и еден од најнаселените градови во светот, Хонгконг е и скапо место за живот.

2. Швајцарија - 90,68 поени

Швајцарија е репер за место за живеење со одлична развиена инфраструктура, здравство и чиста животна средина. Таа е најскапото место за живот во Европа.

1. Бермуди - 126,34 поени

Најскапото место за живот на планетата е и единствената земја каде е поскапо од Њујорк. Макар и да е даночен рај, островската земја е со високи трошоци, а престолнината Хамилтон е најскапиот град во светот.

Целата листа направена врз картата на светот, може да се види на сајтот на MoveHub.

Како што ќе забележите на мапата на Европа, Македонија е меѓу земјите со најниски трошоци за живот, до 20 поени во индексот. Тука се повеќето источноевропски држави.

Најевтино во светот е да се живее во Египет.

Можеби ќе ве интересира

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?