Ако сакате да патувате ова се идеални професии за вас…
Објавено во: Финансии 25 Мај, 2016 13:29
Професии како стјуардеса, работа на брод, туристички водич ви нудат нешто повеќе од другите професии, а тоа е да патувате на места за кои сте сонувале.
Туристички водич
Вашата работа се состои во тоа да ги презентирате знаменитостите и убавините на земјите каде патуваат туристите. Со оваа професија можете да го обиколите било кој дел од светот. За оваа работа потребно е познавање на јазик, историја, знаменитости, споменици, архитектура... Потребно е да бидете комуникативни, елоквентни и интересни за луѓето. Нема да заработите многу, но ќе имате можност за патување.
Стјуардеса
Ако немате страв од летање, со оваа професија можете да посетите некои од најинтересните дестинации. Ако имате слободен ден или два во некој град, можете да го искористите за шетање.
Работа на брод
На брод се работи многу, но предност е тоа што ќе видите прекрасни места. Слободното време ќе го исполните со разгледување на убави градови.
Чување деца во странство
Се повеќе жени се пријавуваат да чуваат деца, па дури и ако тоа е на друг континент. Ова е идеално за оние кои сакаат да работат со деца. Секако, и оваа работа бара познавање на јазик, одговорност и способност и искуство да се чуваат деца.
Мировни мисии
Малку луѓе ќе се сетат на оваа професија. Но, ова не е лесна работа, кандидатите треба да поминат тестови и да исполнуваат одредени услови. Оваа работа нуди пристојна заработка и можност да го пропатувате светот.
Сезонска работа
Во секоја земја во екот на сезоната се бараат сезонски работници. Тоа значи многу физичка работа, многу работни часови, а во слободно време можете да го посетите регионот каде престојувате.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





