АКО САКАТЕ КРЕДИТ, СЕГА ВИ Е ПОЕВТИН ОД ПОРАНО, АКО САКАТЕ ДА ШТЕДИТЕ, УСЛОВИТЕ И НЕ СЕ ТАКА ЛОШИ - најнови бројки за каматите за април
Објавено во: Финансии 30 Мај, 2025 14:21
Кредитите полека но сигурно поевтинуваат, додека, пак, каматните стапки на штедните влогови и натаму се уште одат нагоре, иако е прашање на време кога ќе почнат и тие да одат по надолна линија.
Народна банка ги обелодени најновите податоци за април, за движењето на каматните стапки на кредитите и депозитите.
„Во април 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 отсто и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,04 п.п. и 0,40 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен раст од 0,02 п.п. и изнесува 2,20 отсто, при годишен раст од 0,38 п.п.
Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,87 отсто и оствари пад од 0,39 п.п. и 1,60 п.п., на месечно и на годишно ниво, соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,34 отсто и бележи месечен раст од 0,10 п.п., додека на годишна основа е намалена за 0,20 п.п“, се вели во соопштението од централната банка.
Кога станува збор за кредитите, пак, во април просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,04 п.п. на месечна основа и изнесува 4,73 проценти.
Како што објаснуваат од НБМ, месечната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,05 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.). Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,62 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во април, забележа месечен пад од 0,53 п.п. и изнесува 3,42 отсто. Притоа, падот е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,58 п.п. и 0,57 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се зголемени (за 0,02 п.п.). Во споредба со април претходната година, оваа каматна стапка бележи пад за 2,15 п.п.
Во април, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 2,62 отсто. Анализирано по валута, промената во целост се должи на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,08 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити со валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,09 п.п., соодветно). Оваа каматна стапка е зголемена за 0,51 п.п. на годишно ниво.
Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,09 п.п. и изнесува 2,23 отсто. Промената произлегува од растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,45 п.п.) и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,01). Во април, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 1,69 отсто, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,38 п.п.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во април, оствари месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 5,48 отсто. Притоа, надолната промена се должи на намалените каматни стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,17 п.п.
Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,67 отсто и е намалена за 0,02 п.п. на месечно ниво. Промената во целост произлегува од падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,07 п.п.), при раст на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити со валутна клаузула (за 0,25 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Годишниот пад на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 0,66 п.п.
Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, е зголемена за 0,02 п.п. на месечна основа и изнесува 2,14 отсто. Притоа, растот се должи на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула. Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е повисока за 0,35 п.п.
Во април, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата забележа месечен раст од 0,14 п.п. и изнесува 2,42%. Месечната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,14 п.п.) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,13 п.п.). Притоа, овој месец банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата оствари пад за 0,10 п.п.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




