19 Декември, 2025
0.2574

„АКО ВАЊА Е УБИЕНА, ЌЕ СЕ УБИЈАМ И ЈАС“: Ова го рекол таткото на роднина

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2024 16:28

Добивај вести на Viber

Александар ми рече „ако Вања е убиена, ќе се убијам и јас“, кажа во својот исказ роднина на 14-годишната Ѓорчевска која е убиена лани. Сведочеше и чичкото на Зорица, Митко Лазаров, кој кобниот ден бил дел од потрагата во близина на „Силбо“ каде последен пат бил лоциран телефонот на Вања. Го затекнал Александар сам во возилото и го прашал што е работата. Тој му рекол дека ако девојчето е убиено и тој ќе се убие. 

Два часа по грaбнувањето на неговата ќерка Вања, Александар Ѓорчевски во 9:15 часот утрината на 27 ноември, минатата година бил забележан со неговото возило на камерите на Сејф Сити како поминува покрај хотелот „Александар Палас“ кон Качанички пат. Ова денеска пред Кривичниот суд го сведочеше Дејан Димовски, началник на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје.

Димовски во судница кажа и дека за време на распитот на Ѓорчевски го прашале како знаел во кој правец да се движи за да ја лоцира Вања на што тој одговорил дека, поведен од криминални филмови, заклучил дека киднаперот секогаш се движи кон најблиската граница, но, сепак, не отишол до таму затоа што имало гужва.

Во телефонот на мајката Зорица нашле порака испратена вечерта пред грабнувањето. Станувало збор за копија од комуникација меѓу Вања и Александар на социјалните мрежи. Во пораката напишал дека утре ќе биде ладно и затоа треба топло да се облече.

Началникот спомена и избришана порака во вибер групата на родителите од класот на Вања во која Александар напишал „Кажете колку пари треба“. Според Димовски, очигледно ја згрешил групата. Адвокатот на Ѓорчевски рече дека пораката била сосема нешто друго.

Судењето продолжува на 13 ноември. Двојното убиство на Вања и Панче Жежовски од Велес се случи лани, а првоосомничениот Љупчо Палевски беше уапсен во Баликесир, во Турција. 

Можеби ќе ве интересира

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите