Ако веќе сте биле заразени, научниците утврдија колкав период имате имунитет
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Ноември, 2020
Имунитетот од коронавирусот трае најмалку половина година.
Ова го објавија научниците од универзитетот Оксфорд.
„Ова се навистина добри вести затоа што можеме да бидеме сигурни дека, барем во краток рок, повеќето од оние што го преболеле ковид-19 нема повторно да се заразат“, изјави Дејвид Ер, професор од Оксфорд.
Резултатите од оваа студија спроведена врз здравствени работници изложени на коронавирусот, што ги прави високоризична група за зараза, покажуваат дека повторната инфекција е исклучително ретка.
Истражувањето траело 30 недели, помеѓу април и ноември оваа година. Заклучоците сè уште не се рецензирани од други научници.
За време на студијата, 89 од вкупно 11.052 работници без антитела добиле коронавирус и симптоми, а тоа не се случило кај ниту еден од 1.246 луѓе со антитела.
Научниците ќе утврдуваат дали претходната зараза влијае на сериозноста на болеста доколку дојде до повторна зараза.
И во Македонија имаше случаи еден ист човек да се зарази по втор пат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.