09 Октомври, 2024
0.1360

Ако вирусите на вечниот мраз се активираат во Сибир, можна е страшна пандемија

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

 Вирусите заробени во вечниот мраз на Арктикот во Сибир би можеле повторно да се активираат и да предизвикаат застрашувачка нова пандемија, предупредија научниците.

Заканата од појава на пандемија предизвикана од овие вируси е зголемена поради климатските промени и глобалното затоплување, што може да доведе до ослободување на смртоносни микроби заробени во пермафростот со милениуми, пишува Гардијан.

Во трудот се наведува дека истражувачите веќе изолирале соеви на т.н Метузалах микроби или зомби вируси, кои предизвикуваат страв од глобално ширење на подмолни болести од далечното минато.

Научниците почнаа да планираат да воспостават мрежа за надгледување на Арктикот која точно ќе ги идентификува раните случаи на болести предизвикани од древни микроорганизми.

„Во моментов, анализата на заканата од појава на пандемија е фокусирана на болести кои би можеле да се појават во јужните региони, а потоа да се шират на север. Малку внимание е посветено на епидемијата што може да потекнува од далечниот север, а потоа да се прошири на југ, што верувам дека е превид. На северот има вируси кои имаат потенцијал да заразат луѓе и да започнат нова епидемија“, вели генетичарот Жан-Мишел Клавери од Универзитетот во Екс-Марсеј.

Марион Купманс, виролог од Медицинскиот центар Еразмус во Ротердам, вели дека не знаеме кои вируси лежат во вечниот мраз, но верува дека постои реален ризик да има некои вируси кои би можеле повторно да се активираат и да предизвикаат пандемија.

„Мораме да претпоставиме дека такво нешто може да се случи“, рече Купманс.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист