АКО ВРШАТ ПРЕДАВСТВО ИЛИ ШИРАТ РУСКА ПРОПАГАНДА: Украинските граѓани ќе ги изгубат наградите и привилегиите поврзани со нив
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2024
Украинската Рада денеска донесе одлука во согласност со која наградите и одликувањата, како и придобивките поврзани со нив, ќе им бидат одземени на оние кои вршат предавство и шират пропаганда во корист на Русија или вршат други непријателски дејствија против Украина.
Пратеникот Павло Фролов објави дека Радата го поддржала предлог-законот на претседателот Володимир Зеленски за воведување на овие казнени мерки.
Според усвоениот закон, повлекувањето на државните признанија може да се изврши со одлука на Советот за национална безбедност и Советот за одбрана, пренесе украинската агенција Униан.
Законот предвидува и листа на кривични дела за кои ќе се применуваат казнени мерки, а кои се насочени против националната безбедност, мирот и меѓународните закони.
Новиот закон предвидува ако на лице му се одземат државните награди, ги губи сите права и бенефиции што ги добил со тие награди.
Зеленски претходно го повика парламентот да усвои закон за укинување на признавањето на оние кои им служат на интересите на Русија и Владимир Путин или ја оправдуваат неговата војна, бидејќи тие не заслужуваат да го задржат сето она што им го дала украинската држава, според Униан.
Истовремено, украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека предавниците кои по 24 февруари 2022 година побегнале во Русија, како и соработниците, ќе бидат лишени од сите одликувања, почесни титули и признанија што ги добиле во Украина.
Украинските власти ја ревидираат правната рамка за воената служба за да ги направат процесите на мобилизација поправедни.
Инаку, украинските власти уапсија многу луѓе кои соработувале со Русија, пренесувале информации, шпионирале и слично.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.