Ако заминувате по парче леб, одете овде: Држави во кои се живее богато и безбедно!
Објавено во: Финансии 10 Февруари, 2017 17:51
Велат дека домот е таму каде е срцето и таму каде е семејството. Меѓутоа, ако домот стане место во кое е невозможно пристојно да се живее, човек може да се најде под тешка одлука.
Некои велат дека не е патриотски да се напушти бродот кој тоне. Некои велат дека треба да се остане додека е можно. Меѓутоа, што кога заминувањето веќе не биде опција?
Евреите кои ја напуштиле Германија пред Втората светска војна го преживеале својот животен век во други држави. Имале деца и станале баби и дедовци. Тие кои останале починале од глад бидејќи се убиени заедно со своите семејства.
Денес ви претставуваме држави во кои може да живеете добро и безбедно.
Критериуми за избор на држави биле: општетствена стабилност, бројот на непријатели, економска слобода и прилики, слобода на изразување, самодоволност, трошоци на живот, добивање на виза и државјанство, изолација од западни крахови и војни.
Костарика
Костарика е планинска држава како Швајцарија, но се наоѓа во топло, иако не е во тропскиот дел на светот. Таму може да се најдат и долини и предели кои се погодни за живот.
Костарика е релативно мала држава и се наоѓа близу екваторот, но опфаќа 30 различни климатски зони, па температурите се движат од 10°C во планините до 32°C на плажите. Со други зборови, не е потребно да се плаќа греење во зима ниту е потребно да се разладувате со клима уреди во лето. Исто така, сезоната на одгледување посеви трае цела година.
Тлото е неверојатно плодно и многу луѓе одгледуваат се што сакаат. Многу овошја и бобинки кои се скапи и ретки во другите држави овде растат како печурки. Државата исто така поседува големи количини вода бидејќи се наоѓа помеѓу Карибите и Тихиот океан, а планините кои се протегаат долж цела земја обезбедуваат доволно врнежи.
Насекаде има реки, а планинските потоци се кристално чисти. Секоја струја се создава по пат на хидроелектрани. Единствен проблем е што е многу тешко да се дојде до трајно државјанство на оваа земја.
Според законот на Костарика, правно државјанство може да добие личност која исполнува еден од следните услови:
Доколку добивате воена пензија, социјална помош или државни олеснувања во износ од најмалку 887 евра месечно. Доколку имате гарантирани приходи од најмалку 2220 евра месечно. Доколку вложите депозит во банка на Костарика во вредност од 53 270 евра. Од овој депозит ќе ви се исплаќаат 2 220 евра месечно во период од две години, што значи дека државјанството мора да се обнови после две години со повторно вложување од 53 270 евра. Доколку сте инвеститор кој вложил најмалку 177 560 евра во Костарика. Владата на Костарика ги вовела овие строги мерки бидејки има проблеми со колумбиските и мексикански имигранти.
Шведска
Малку луѓе тоа го знаат, но Шведска не е членка на НАТО, така што во случај на војна ќе останат на страна, како и во Втората светска војна.
Меѓутоа, Шведска е членка на ЕУ, а тоа со себе носи низа овластувања како патување низ Европа без виза. Доколку дојдете до државјанство, потребна ви е само лична карта.
Доколку пак дојде до колапс на еврото, Шведска нема да биде погодена бидејќи не користи евра туку шведски круни.
Втор официјален јазик е англискиот и речиси сите течно говорат англиски во Шведска, Шведска веќе долги години е земја со највисоки плати во Европа.
Факт е дека е скапа за живот но работата и тоа како добор се плаќа. На пример, работниците на градежништво заработуваат и до 9 000 евра месечно, а со тоа мора да плаќаат и данок од 35% и имаат обезбедно здравствено осигурување до крајот на животот.
Чиле
Чиле денес е една од најстабилните држави во Јужна Америка. Таа е водечка нација во латинска Амерка по приходи, мир, економска слобода, образование и ниво на корпупција. Странските заедници во Чиле имаат бројни погодности
Чиле е целосно развиена земја со модерни градови и богати населби, а речиси од секое место може да се видат Андите.
Трошоците за живот се прилично ниски. Туристичката виза (во траење од 3 месеци) може да се добие за 140 евра, а барањата за државјанство се исто така доста флексибилни. Имигрантите може да конкурираат за чилеанско државјанство или визи доколку примаат 440 - 880 евра месечно.
Претприемачи може да добијат државјанство со покренување на бизнис, а странци лесно може да дојдат до виза работејќи за чилеанска компанија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





