16 Декември, 2025
0.0291

Активирај интернет на Македонски телеком за помалку од 2 минути

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2015 13:16

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком ја поедностави постапката за активирање на интернет услугата. Освен во Телеком продавниците или со јавување во контакт центарот на 122, секој корисник на фиксна телефонија од Македонски Телеком, кој сака да се претплати на Call & Surf пакет со интернет и телефонија, услугата може да ја активира сам од дома, за помалку од две минути. „На овој начин, корисниците нe мора да одат во Телеком продавниците, а се намалува времето на чекање за активирање на интернет пакетите од неколку дена на помалку од две минути“, се вели во соопштението на Македонски телеком. Според Телеком, постапката за активирање на интернет пакет од дома сега е „поедноставна, побрза и полесна, без инсталирање на дополнителна опрема“. „Корисникот го поврзува својот компјутер или паметен телефон со рутерот којшто веќе е инсталиран во неговиот дом, го отвора интернет прелистувачот, при што кога ќе се појави веб страницата 'Мој телеком' кликнува на интернет пакетот што го сака. Веднаш потоа, корисникот може да почне да сурфа на интернет. Освен пристап до интернет, со Call & Surf пакетите корисниците добиваат и вклучени минути за разговори, како и 24 часовна поддршка“, објаснуваат од Телеком. Оваа иновација за активирање на пакети од дома, според Телеком, е прва од овој тип во Европа и е резултат на придобивките кои што со себе ги носи модерната мрежа на Македонски Телеком, која е целосно базирана на интернет протокол.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“